Најважниот историски настан
Со право може да се каже дека смртта на Исус е најважниот настан. Зошто?
Со својата смрт, тој покажал дека Бог е праведен и дека луѓето можат да му останат верни и под најтешки околности.
Освен тоа, благодарение на неговата смрт, можеме да се надеваме на вечен живот во идниот Рај на Земјата.
Ноќта пред да умре, самиот Исус покажал како на едноставен начин треба да се одбележува неговата смрт. Во таа прилика, на своите ученици им рекол: „Правете го ова за мој спомен!“ (Лука 22:19, 20).
Ќе дојдеш ли и ти?
Јеховините сведоци срдечно те покануваат да бидеш присутен при одбележувањето на овој најважен историски настан, кој оваа година се паѓа во сабота, на 22 март, по зајдисонце. За точното време и место можеш да се информираш во најблиската Сала на Царството. Влезот е бесплатен, а присутните ќе можат да чујат еден поучен говор и да ја следат едноставната програма.