ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 6/08 стр. 32
  • „Нека те води Божјиот Дух“

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • „Нека те води Божјиот Дух“
  • Разбудете се! 2008
Разбудете се! 2008
g 6/08 стр. 32

„Нека те води Божјиот Дух“

Обласен конгрес на Јеховините сведоци

◼ ИЛЈАДНИЦИ вакви тридневни конгреси, кои започнаа да се одржуваат во САД на 23 мај, ќе продолжат да се одржуваат во текот на наредните неколку месеци во илјадници градови низ целиот свет. Во 2007 год., на ваквите конгреси, кои се одржаа на преку 3.200 локации, присуствуваа повеќе од 12 милиони лица!

Во повеќето места програмата ќе почнува со музички вовед, секој ден во 9.20 часот. Темата во петок, која се темели на Јован 16:13, е: „Духот... ќе ве упати во сета вистина“. На почетокот ќе бидат одржани говорите со наслов: „Зошто да нѐ води Божјиот дух?“ и „Улогата на светиот дух во создавањето!“ Во склоп на циклусот „Божјиот дух ги водел верните слуги во минатото“, ќе се одржат говорите „Во времето на Мојсеј“, „Во времето на судиите“ и „Во првиот век“. Претпладневната програма ќе заврши со клучното предавање: „Улогата на светиот дух во исполнувањето на Јеховината намера“.

Првиот говор во петок попладне е: „Одговор на некои прашања во врска со светиот дух“, а потоа ќе следат говорите ‚Духот ги истражува Божјите длабочини‘ и „Слушајте ја Божјата реч и извршувајте ја“. Деловите на циклусот „Млади, нека ве води светиот дух!“ се со наслов: „На училиште“, „На работа“, „Во семејството“, „Во собранието“, „Кога се дружите“ и „Кога сте сами“. На крајот од програмата ќе се одржи посебен говор со наслов „Млади, зачувајте го своето пријателство со Јехова“, преку кој младите ќе добијат помош да го сторат тоа.

Темата на програмата во недела е: ‚Сејте во духот!‘, а се темели на Галатите 6:8. Во рамките на претпладневната програма ќе има триделен циклус со наслов: „Божјиот дух нѐ води во службата“. Програмата ќе заврши со говорот за крштавање, по кој ќе се крстат оние што ги исполнуваат условите за тоа.

По првиот говор во сабота попладне, „,Светиот дух ги водел‘ библиските писатели“, ќе има циклус на тема: „Светиот дух дава сила...“ Петте дела од тој циклус носат наслов: „Да се бориме со искушенијата“, „Да излеземе на крај со уморот и обесхрабрувањето“, „Да издржиме кога сме прогонувани“, „Да се спротивставиме на негативните притисоци од околината“ и „Да истраеме во неволјите“. Овој ден ќе заврши со уште еден посебен говор со наслов: „Зачувај ја Божјата љубов“.

Во недела наутро ќе биде разработена темата „Живејте според духот“, која се темели на Галатите 5:16. Во циклусот „Покажувај ги ‚плодовите на духот‘“, ќе биде разгледан секој од овие плодови спомнати во Галатите 5:22, 23. Утринската програма ќе заврши со предавањето: „Царот воден од Божјиот дух ни носи благослови!“ Многу интересен дел од попладневната програма е костимираната драма „Не оставај ја ‚својата прва љубов‘“. Во неа ќе биде прикажано какви ставови и ситуации најверојатно се појавиле меѓу христијаните при крајот на првиот век. Конгресот ќе заврши со говорот: „Служи верно со организацијата што Јехова ја води со својот дух“.

Уште сега направи планови за да присуствуваш на овој конгрес. За да дознаеш каде најблизу ќе се одржи конгрес, контактирај со Јеховините сведоци во твоето место или пиши до издавачите на ова списание. Во нашето придружно списание Стражарска кула од 1 март се наведени локациите на кои ќе се одржат конгресите во Македонија, Србија, Косово и Албанија.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели