„Извонредна е!“
◼ Со овие зборови еден професор што надгледувал едно истражување за бракот ја опишал книгата Тајната на семејната среќа. Ја добил од еден брачен пар кој учествувал во тоа истражување. Кога му ја дале книгата, му објасниле дека тоа што ја проучувале ги подготвило за брачниот живот.
Професорот им напишал писмо во кое им се заблагодарил за „прекрасниот подарок“ што му го дале. Во него изразил надеж дека другите ќе научат од брачните парови како нив „што е потребно за бракот да остане цврст и стабилен“. Бил уверен дека публикациите како што е книгата Тајната на семејната среќа ќе му помогнат на овој брачен пар да се справува со несогласувањата што се јавуваат во бракот. Тој спомнал и дека се во предност бидејќи имаат цврста вера и се потпираат на Бог за помош.
Професорот објаснил дека книгата му стои на бирото и дека им ја покажува на своите студенти кога ќе му се обратат за совет во врска со бракот. „Никогаш порано не сум ја видел оваа книга“, вели тој. „Извонредна е!“
Книгата Тајната на семејната среќа им користи на илјадници брачни парови низ целиот свет. Таа може да ти помогне и тебе да ги примениш библиските начела што ќе ти го разубават семејниот живот.
Можеш да ја нарачаш оваа книга со 192 страници ако го пополниш купонот подолу и ако го испратиш на адресата што е наведена на него или на некоја од адресите на 5. страница.
□ Без никакви обврски, нарачувам еден примерок од книгата на сликава.
□ Ве молам стапете во контакт со мене за бесплатно да ја проучувам Библијата.