ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 2/10 стр. 32
  • „Потребна ми е твојата утеха“

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • „Потребна ми е твојата утеха“
  • Разбудете се! 2010
Разбудете се! 2010
g 2/10 стр. 32

„Потребна ми е твојата утеха“

● Подружницата на Јеховините сведоци во Мексико доби писмо од една жена која работи во училиште за лица со посебни потреби. Во него стоеше следново: „На 9 мај, почина мојата драга мајка. Не можам да ви опишам колку болна беше оваа загуба. Неколку месеци пред да почине, истражував нешто во врска со танатологијата, наука која се занимава со проучување на смртта и психолошките методи за справување со неа. Мислев дека ќе ми помогне и мене, но не ми помогна“.

Еднаш, кога била преплавена од длабока тага, му се помолила на Бог и му рекла: „Потребна ми е твојата утеха“. „Таа вечер“, вели таа, „ја читав брошурата Кога ќе умре некој што го сакаш... Имав чувство дека е напишана за мене. Таа покажува дека е сосема нормално да се исплачеш. Во делот ‚Како да живеам со својата тага?‘ стои следново: ‚Немој да ја потценуваш вредноста на молитвата... Помошта што ја дава Бог е навистина многу важна... Вистина, божествената помош не ја отстранува болката, но ја олеснува. Тоа не значи дека нема повеќе да плачеш или дека ќе ја заборавиш саканата личност. Но можеш да закрепнеш‘. Овие зборови навистина помагаат“.

Ако ти починал некој близок и имаш потреба од утешни зборови, можеби ти или некој што го познаваш ќе најде утеха читајќи ја брошурата со 32. страници Кога ќе умре некој што го сакаш...

Оваа брошура можеш да ја нарачаш ако го пополниш купонот и ако го испратиш на адресата што е наведена на него или на некоја од адресите на 5. страница од ова списание.

□ Без никакви обврски, нарачувам еден примерок од брошурата што е на сликата.

□ Ве молам стапете во контакт со мене за бесплатно да ја проучувам Библијата.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели