Можеш ли да го спасиш својот брак?
Сопствениците се согласуваат дека куќата е во лоша состојба, но одлучуваат да ја поправат.
БИ САКАЛ ЛИ истото да го сториш и со својот брак? Ако да, како? Еве неколку предлози:
1. Заедно донесете цврста одлука
Договорете се со брачниот партнер заедно да се трудите да го поправите својот брак. Направете список со конкретни чекори што ќе ви помогнат во тоа. Кога и двајцата настојувате да го спасите вашиот брак, оваа цел станува тимски проект (Проповедник 4:9, 10).
2. Утврдете во што се состои проблемот
Што го направило бракот толку нестабилен? Со една реченица напишете што ви недостига во бракот или што би сакале да се смени (Ефешаните 4:22-24). Се разбира, твоето мислење може да биде сосема различно од она на брачниот другар.
3. Поставете си цел
Како би сакале да изгледа вашиот брак по шест месеци? Напишете го тоа на хартија. Кога ви е јасно што очекувате од бракот, ќе ви биде полесно да ја постигнете вашата цел (1. Коринќаните 9:26).
4. Применувајте ги советите од Библијата
Откако сте утврдиле во што се состои проблемот и сте си поставиле конкретни цели, следете ги советите од Библијата. Начелата кои таа ги содржи не застаруваат и се многу практични (Исаија 48:17; 2. Тимотеј 3:17). На пример, Библијата те поттикнува и тебе и твојот брачен партнер да си простувате. Таа вели дека на човекот му е ‚чест да премине преку престапот‘ (Изреки 19:11; Ефешаните 4:32).
Дури и ако отпрвин ти се чини дека напразно се трудиш, не откажувај се! Истакнувајќи ги позитивните резултати од едно истражување, книгата Во полза на бракот вели: „Дури 86 отсто од паровите кои биле незадоволни од својот брак, но се труделе да го одржат, увиделе дека за пет години нивните бракови станале посреќни“. Ситуацијата се сменила дури и кај оние лица што биле крајно незадоволни од бракот.
Можеби истото ќе се случи и со тебе. Јеховините сведоци, кои го издаваат ова списание, увиделе дека Библијата содржи практични начела за брачниот живот. На пример, многу бракови се подобруваат ако брачните партнери се љубезни, сочувствителни еден кон друг и спремно си простуваат. Жените увиделе колку е добро да покажуваат ‚мирен и благ дух‘, а мажите сфатиле дека е многу корисно да не се гневат на своите жени (1. Петрово 3:4; Колошаните 3:19).
Овие библиски начела се делотворни затоа што Авторот на Библијата, Јехова Бог, го основал и бракот. Би можел да ги замолиш Јеховините сведоци да ти покажат во Библијата и други начела кои можат да го подобрат твојот брак.a
[Фуснота]
a За да им помогнат на семејствата, Јеховините сведоци имаат издадено книга со 192 страници со наслов Тајната на семејната среќа. За повеќе информации, пиши до издавачите на соодветната адреса на 5. страница од ова списание.