„Остани близок со Јехова“
Обласен конгрес на Јеховините сведоци
● Илјадници вакви тридневни конгреси, кои се планира да почнат да се одржуваат во САД на 21 мај, ќе продолжат низ целиот свет во текот на следните неколку месеци. Секој ден, програмата ќе започне во 9.20 часот со музички вовед. Темата во петок, која се темели на Псалм 73:28, гласи „Мене ми е добро да бидам близу до Бог“. Откако претседавачот ќе ја отвори програмата, ќе следат говорите „Конгресите ни помагаат да останеме блиски со Јехова“ и ‚Синот сака да го открие Таткото‘. Потоа, од циклусот „Угледај се на оние што останале блиски со Јехова“ ќе дознаеме како Авраам, Рут, Езекија и Марија успеале во тоа. Претпладневната програма ќе заврши со клучното предавање „Што прави Јехова за да ни се приближи“.
Првиот говор во петок попладне е „Одговор на некои прашања за Јехова“, по кој ќе следат говорите „Дозволи му на Јехова да те обликува“ и „Никогаш немој ‚да му се лутиш на Јехова‘“. Потоа на ред е циклусот од пет дела со наслов „Комуникацијата им помага на семејствата да останат блиски со Јехова“. Насловите на петте дела се: „Јехова дава најдобар пример како се комуницира“, „Мажи, комуницирајте со своите жени!“, „Жени, комуницирајте со своите мажи!“, „Родители, комуницирајте со своите деца!“ и „Деца, комуницирајте со своите родители!“ Попладневната програма ќе заврши со говорот „Творештвото го открива ‚живиот Бог‘!“
Темата на програмата во сабота е „Близок е со справедливите“, а се темели на Изреки 3:32. Циклусот со наслов „Помагај им на луѓето ‚да се помират со Бог‘“, се состои од следниве пет дела „Отуѓени и без надеж“, „Ги праша“, „Биди добар партнер во службата“, „,Придобиј ги‘ со своето добро однесување“ и „Биди ревносен и истраен во службата“. По говорите „Полновремената служба го зајакнува твојот однос со Јехова“ и „За оние што го сакаат Јехова ‚не постои камен за спрепнување‘“, програмата ќе заврши со говорот за крштавање, по кој ќе се крстат оние што ги исполнуваат условите за тоа.
Во текот на попладневната програма ќе има циклус од осум дела со наслов „Не дозволувај ништо да те оддалечи од Јехова“ — „Подмолните обиди на Сатана“, „Гордоста“, „Парите“, „Здравјето“, „Кариерата“, „Рекреацијата“, „Семејството“ и „Технологијата“. Потоа ќе следи аудиодрамата „Не губи сила кога Јехова те опоменува!“ Програмата за овој ден ќе заврши со говорот „Остани близок со Јехова, исто како Еремија“.
Темата на програмата во недела е земена од Исус Навин 23:8 и гласи „Цврсто држете се за Јехова“. По песната и уводната молитва, во циклусот „Да ги цениме Јеховините прекрасни особини“ ќе бидат обработени осум особини на Јехова — „Пристаплив“, „Сочувствителен“, „Покажува ценење“, „Великодушен“, „Непристрасен“, „Спремен да прости“, „Разумен“ и „Лојален“. Потоа ќе следи јавното предавање „Како можеш да останеш близок со Бог?“ Претпладневната програма ќе заврши со резиме на седмичното проучување на Стражарска кула.
Многу интересен дел од попладневната програма во недела е костимираната драма чие дејство се одвива во првиот век. Во неа станува збор за бегањето на христијаните од Ерусалим. Насловот на драмата е ‚Живеј според верата, а не според она што го гледаш‘. По драмата, конгресот ќе заврши со говорот „Остани ‚во тајното засолниште на Севишниот‘“.
Уште сега направи планови за да присуствуваш на овој конгрес. За да дознаеш каде најблизу ќе се одржи, контактирај со Јеховините сведоци во твоето место или пиши до издавачите на ова списание. Во нашето придружно списание Стражарска кула од 1 март се наведени локациите на кои ќе се одржат конгресите во Македонија, Србија, Косово и Албанија.