ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 12/10 стр. 32
  • И самата научила некои работи

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • И самата научила некои работи
  • Разбудете се! 2010
Разбудете се! 2010
g 12/10 стр. 32

И самата научила некои работи

● Една мајка на возраст од околу 35 години, која заедно со сопругот и трите деца живее во Кентаки (САД), пишува: „Јас и моето семејство уживаме во сите публикации на Јеховините сведоци“. Таа објаснува: „Мене и на моите деца најомилена ни е Мојата книга со библиски приказни... Додека ја читавме, и самата научив некои работи“.

Оваа книга содржи прекрасни слики и ги обработува библиските настани по хронолошки редослед. На пример, некои од приказните во вториот дел се: „Еден лош цар владее со Египет“, „Како бил спасен Мојсеј кога бил бебе“, „Зошто бега Мојсеј“, „Мојсеј и Арон одат кај фараонот“, „Десетте неволји“ и „Преминување на Црвеното Море“.

Шестиот дел од книгата има наслов „Од раѓањето на Исус до неговата смрт“ и содржи неколку приказни за животот и смртта на Исус. Во овој дел ќе ги најдеш приказните: „Исус е роден во штала“ и „Луѓе водени од една ѕвезда“. Вторава приказна покажува дека ‚мудреците‘, кои всушност биле астролози, влегле „во куќата“ за да го посетат Исус, а не во шталата во која се родил. Таму ‚Го виделе Младенецот со мајка Му Марија‘. Бог ги предупредил овие луѓе да не се враќаат кај Ирод, кој го барал Исус за да го убие. Како ова ни помага да сфатиме кој ја водел таканаречената ѕвезда? (Матеј 2:1, 11, 12, Превод на МПЦ).

И ти можеш да учиш заедно со своите деца додека ја читате Мојата книга со библиски приказни. Таа содржи 116 приказни за библиски ликови и настани. За да ја нарачаш, доволно е да го пополниш купонот и да го испратиш на адресата што е наведена на него или на некоја од адресите на 5. страница од ова списание.

□ Без никакви обврски, нарачувам еден примерок од брошурата што е на сликата.

□ Ве молам, стапете во контакт со мене за бесплатно да ја проучувам Библијата.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели