„Ви благодарам што ми го откривте Таткото на љубовта“
● Една 19-годишна девојка од јужниот дел на САД напишала: „Израснав во семејство што редовно одеше в црква и уверена сум дека Христос е мој Спасител. Сепак, со години живеев во страв од Божјиот гнев и суд, дека ќе горам во некаков ужасен пекол. Но, тогаш почнав да ја читам вашата книга Што навистина учи Библијата?
По само неколку поглавја, почувствував голем мир. Како да ми падна камен од срце. Сега сфаќам дека Јехова е љубезен и милосрден Бог полн со љубов. Тој сака да бидам блиска со него, но не само затоа што се плашам од него. Оваа недела планирам да одам во Салата на Царството на Јеховините сведоци! Многу сум возбудена. Ви благодарам што ми го откривте Таткото на љубовта, наместо Творецот на пеколот“.
Во книгата Што навистина учи Библијата? се разгледани и други важни теми. На пример, состојбата на мртвите, надежта во воскресение, како да се подобри семејниот живот, кои се Бог и Исус Христос и зошто Бог ги допушта страдањата. Оваа книга можеш да ја нарачаш ако го пополниш купонот подолу и ако го испратиш на соодветната адреса на 5. страница од ова списание.
□ Без никакви обврски, нарачувам примерок од книгата што е на сликата.
□ Ве молам, стапете во контакт со мене за бесплатно да ја проучувам Библијата.