Според возраста
„Како деца, и двајцата многу ја сакавме книгата Мојата книга со библиски приказни. Сега имаме 16-месечен син, Џошуа. Книгата многу ни помага да го поучуваме. Дури и на оваа рана возраст, Џошуа може по име да распознава најмалку 35 библиски личности за кои се зборува во книгата. Тие станаа дел од неговиот речник“ (Тимоти и Ен).
„Син ми многу сака да ја разгледува книгата Учи од Големиот Учител, и веќе ги знае повеќето слики. Тоа ми помага да му објаснам како да ги решава проблемите на училиште и на кое и да било друго место. Книгата е токму тоа што ми требаше!“ (Џенифер).
„Во книгата Младите прашуваат — делотворни одговори, том 2 е опфатен секој аспект од животот на еден млад човек. Јас имам 19 години. Оваа книга ми помогна да си поставам цели, да донесам мудри одлуки за тоа дали да започнам врска и да станам поблиска со Бог. Му ја препорачувам на секого — и млад и стар“ (Кортни).
□ Мојата книга со библиски приказни
□ Учи од Големиот Учител
□ Младите прашуваат — делотворни одговори, том 2
□ Без никакви обврски, нарачувам еден примерок од книгата(-ите) на сликата. Овој купон можете да го испратите на соодветната адреса наведена на 5. страница од ова списание.
□ Ве молам, стапете во контакт со мене за бесплатно да ја проучувам Библијата.