„Оваа книга е ремек-дело“
● Би сакал ли да прочиташ нешто за животот на Исус Христос на Земјата, за неговите учења што смениле многу животи и за неговите незаборавни споредби? На располагање ти стои книгата Најголемиот човек кој некогаш живеел.
Откако ја проучил оваа книга, еден читател го изразил своето ценење со следниве зборови: „Оваа книга е ремек-дело. Иако е напишана со едноставен стил, во неа многу убаво се разработени деталите од животот на нашиот Господар додека бил на Земјата“.
Настаните во оваа книга се раскажани по редоследот по кој најверојатно се случиле. Таа се темели на списите што под Божје водство ги напишале четири современици на Исус — Матеј, Марко, Лука и Јован. Матеј и Јован биле апостоли на Исус кои го придружувале на неговите патувања. Марко му бил близок пријател на Петар, еден од апостолите на Исус. А лекарот Лука патувал заедно со апостол Павле.
Можеш да ја нарачаш оваа книга ако го пополниш купонот и ако го испратиш на некоја од адресите на 5. страница од ова списание.
□ Без никакви обврски, нарачувам еден примерок од книгата на сликава.
□ Ве молам, стапете во контакт со мене за бесплатно да ја проучувам Библијата