ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 11/14 стр. 16
  • „Силен и мрачен потсетник“

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • „Силен и мрачен потсетник“
  • Разбудете се! 2014
  • Сличен материјал
  • Војни
    Разбудете се! 2017
  • Надеж
    Разбудете се! 2018
  • Расизам
    Разбудете се! 2014
  • Ветувања кои сигурно ќе се исполнат
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (За јавност) 2018
Разбудете се! 2014
g 11/14 стр. 16
Споменик на мирот во Хирошима, Купола Генбаку

„Силен и мрачен потсетник“

НА ИСТОЧНИОТ брег на реката Мотојасу во Хирошима (Јапонија) уште од 1945 год. стојат остатоците од една зграда. Зошто не е реновирана речиси 70 години?

Оваа трикатница од цигла и малтер била довршена во 1915 год. и служела како саемска зграда во која се изложувале достигнувања на полето на индустријата. Но, тоа се сменило на 6 август 1945 год., во 8.15 часот. Тогаш, на околу 600 метри над градот и речиси директно над саемската зграда експлодирала првата атомска бомба употребена во војна. Сите во зградата веднаш умреле. Но, носечката конструкција сѐ уште стои.

Непроменета до ден-денес, таа е „силен и мрачен потсетник за најразорната сила создадена од човекот“, пишува во една статија на УНЕСКО.a Во 1996 год., оваа зграда беше ставена на Списокот на светското наследство на УНЕСКО под името Споменик на мирот во Хирошима.

За жал, ваквите потресни споменици не им ставија крај на војните, зад кои многу често стојат алчноста, национализмот и расната, верската и племенската омраза. Но, дали некогаш ќе им дојде крај на војните?

Библијата ни го дава одговорот. Во Псалм 46:9 пишува: „[Бог] ги прекинува војните до крајот на земјата. Го крши лакот, го здробува копјето, со оган ја пали колата“. Освен тоа, Бог ќе ги замени човечките влади со својата влада која ќе владее по целиот свет — Божјето Царство на чело со Исус Христос, кој е наречен „Цар на царевите“ (Откровение 11:15; 19:16).

Ова значи дека повеќе нема да има потреба од споменици кои ќе сведочат за бесмисленоста на војните. Во Исаија 65:17 пишува дека „она што беше порано“ — денешните страдања и болки — „нема да доаѓа во сеќавање, ниту ќе се јавува во срцето“.

a Организација за образование, наука и култура при Обединетите нации.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели