ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 1/15 стр. 10-11
  • Во посета на Костарика

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Во посета на Костарика
  • Разбудете се! 2015
Разбудете се! 2015
g 1/15 стр. 10-11
Поглед од високо на брегот на Костарика

ЗЕМЈИ И НАРОДИ

Во посета на Костарика

Карта на светот на која е прикажано каде се наоѓа Костарика

ПРЕД пет века, Шпанците биле првите кои го посетиле ова место. Тие го нарекле Костарика (Богат брег) бидејќи мислеле дека таму има многу злато. Но, потрагата по него била залудна. Денес, оваа земја не е позната како извор на скапоцени метали, туку како една од земјите со најбогат растителен и животински свет.

Костариканците се познати како Тикоси поради тоа што многу често користат деминутив така што на крајот од зборовите ја додаваат наставката „–ико“. На пример, наместо да речат „ун моменто“ (само момент), тие може да речат „ун моментико“ (само моментче). Во секојдневниот говор често ја користат фразата “¡pura vida!” (чист живот!) за да изразат благодарност или согласност или, пак, за да кажат здраво или пријатно.

Црвеноока дрвна жаба

Шумите на Костарика изобилуваат со најразновиден растителен и животински свет, како што е оваа црвеноока дрвна жаба (Agalychnis callidryas)

Едно од омилените јадења во Костарика е gallo pinto (што дословно значи „точкаст петел“). Тоа се состои од ориз и грав кои прво се подготвуваат одделно, а потоа се мешаат и им се додаваат зачини. Gallo pinto може да се јаде за појадок, ручек или вечера. Традиционален напиток е café chorreado — кафе подготвено преку платнен филтер кој виси на рамка, најчесто дрвена.

Во Костарика има околу 450 собранија на Јеховините сведоци. Своите христијански состаноци ги одржуваат на десет јазици, меѓу кои костарикански знаковен јазик и два домородечки јазика — брибри и кабекар.

СИ ЗНАЕЛ ЛИ ДЕКА... Во Костарика се пронајдени стотици вешто изрезбани камени топки. Најголемата има пречник од 2,4 метри. Се смета дека некои од нив се постари од 1.400 години. Никој точно не знае зошто биле направени!

Камени топки од старо време во Костарика

Камени топки

НЕКОИ ФАКТИ

  • Население: 4.878.000

  • Главен град: Сан Хозе

  • Службен јазик: шпански

  • Природни обележја: рамно крајбрежје и планински средишен дел

  • Државно уредување: демократска република

ПРОВЕРИ КОЛКУ ЗНАЕШ

Кои од следниве работи ги има Костарика?

  1. А) Една од највисоките стапки на писменост во Западната хемисфера

  2. Б) Добро организирана војска

  3. В) Остров на кој биле спроведени над 500 експедиции во потрага по скриено богатство

Одговори: А и В. Одговорот под В се однесува на Кокосовиот Остров, оддалечен околу 560 километри од копнениот дел.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели