ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g17 Бр. 2 стр. 12-13
  • Во посета на Шпанија

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Во посета на Шпанија
  • Разбудете се! 2017
Разбудете се! 2017
g17 Бр. 2 стр. 12-13
Толедо, познат туристички град во Шпанија

Градот Толедо отсликува голем дел од историјата и културата на Шпанија. Во 1986 год. овој град беше прогласен за светско наследство, и претставува атрактивна локација за многу туристи

ЗЕМЈИ И НАРОДИ

Во посета на Шпанија

Шпанија означена на карта

ШПАНИЈА е земја со голема разноликост — како во однос на природните убавини така и во однос на населението. Голем дел од земјата ја красат житни полиња, лозја и маслинарници. На југ, Шпанија е одвоена од африканскиот континент со само 14-ина километри водена површина.

Во овој југозападен крај на Европа се населиле многу народи, меѓу кои биле и Феничаните, Грците и Картагинците. Во третиот век пр.н.е., оваа територија ја освоиле Римјаните и ја нарекле Хиспанија. А подоцна била освоена и од страна на Визиготите и Маврите, кои исто така оставиле свој печат врз културата на оваа земја.

Во 2015 год., Шпанија ја посетиле повеќе од 68 милиони луѓе. Повеќето туристи биле привлечени од топлото сонце, песочните плажи или уметничките, историските и архитектонските богатства на земјата. Освен тоа, и шпанската кујна привлекува многу туристи. Некои типични јадења се: морска храна, чадено месо, разни чорби, салати и зеленчук — зготвен или полеан со маслиново масло. А шпански омлет, паеља и тапас се јадења со меѓународно реноме.

Марискада, шпански специјалитет од морски плодови

Марискада е шпански специјалитет од морски плодови

Две танчерки од Шпанија играат фламенко

Играње фламенко

Шпанците се пријатни и друштвени луѓе. Повеќето од нив се изјаснуваат како римокатолици, иако релативно мал број одат на миса. Во последните години, во Шпанија се доселија многу луѓе од Африка, Азија и Латинска Америка. Многу од нив сакаат да зборуваат за своите религиозни убедувања и обичаи. Јеховините сведоци имаат убави разговори со нив и им помагаат да дознаат што вели Библијата на разни теми.

Во текот на 2015 год., повеќе од 10.500 доброволци, сите Јеховини сведоци, изградија или реновираа 70 сали за состаноци. За некои од овие сали, земјиштето беше обезбедено од страна на локалната општина. За да им помогнат на доселениците, освен на шпански, Јеховините сведоци одржуваат состаноци и на преку 30 други јазици. Во 2016 год., на еден посебен состанок организиран од Јеховините сведоци по повод одбележувањето на смртта на Исус Христос, присуствуваа повеќе од 186.000 лица.

ДАЛИ СИ ЗНАЕЛ?

Шпанија е најголемиот производител на маслиново масло во светот.

Со висина од 3.718 метри, планината Теиде која се наоѓа на Канарските Острови е највисоката планина во Шпанија. А мерено од дното на морето, оваа планина го носи епитетот третиот највисок вулкан во светот.

  • ГЛАВНИ ЈАЗИЦИ: ШПАНСКИ, БАСКИСКИ, КАТАЛОНСКИ, ГАЛИЦИСКИ И ВАЛЕНСИСКИ

  • НАСЕЛЕНИЕ: 46.439.000

  • ГЛАВЕН ГРАД: МАДРИД

  • КЛИМА: ПРОМЕНЛИВА, ОД ТОПЛИ ЛЕТА ДО ИЗНЕНАДУВАЧКО ЛАДНИ ЗИМИ

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели