Вовед
Дали си загрижен поради сѐ повисоките трошоци за живот? Дали треба да работиш повеќе за да врзеш крај со крај? Дали ти останува помалку време за твоите блиски? Ако да, статиите од овој број на Разбудете се! може да ти бидат од корист. Во нив ќе најдеш практични предлози кои може да ти помогнат да водиш поквалитетен живот и да ги намалиш грижите. Во последната статија се зборува за една реална надеж за далеку подобра иднина — надеж која може да ти влее утеха уште денес.