Задна корица
ВО ДЕНЕШНИОВ СВЕТ има премногу проблеми. Се распаѓаат бракови. Семејното насилство е раширено. Стотици милиони луѓе гладуваат. Криминалот зема сѐ поголем замав. Мирот и сигурноста се недостижни. Зошто е светот во ваква состојба? Постојат ли решенија за проблемите? Библијата ни ги дава одговорите на овие прашања, но таа прави и нешто повеќе — ни дава водство во секојдневниот живот. Зарем не треба тогаш да бидеме заинтересирани што пишува во Библијата?
Некои луѓе тврдат дека Библијата е само збирка од митови, легенди и народна мудрост. Други, пак, сметаат дека таа е вдахновена Божја реч. Кој е во право? Книгата, Библијата — Реч Божја или човечка?, ќе ти помогне да одговориш на тоа прашање. Те покануваме самиот да ги испиташ доказите. Тоа може засекогаш да ти го промени животот.