ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • pe погл. 19 стр. 155-165
  • После Армагедон — рајска Земја

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • После Армагедон — рајска Земја
  • Ти можеш засекогаш да живееш во рајот на Земјата
  • Сличен материјал
  • Земен Рај кој наскоро ќе дојде
    Животот — како настанал? Со еволуција или со создавање?
  • Која е Божјата намера со Земјата?
    Што бара Бог од нас?
  • Живот во мирољубив нов свет
    Живот во мирољубив нов свет
  • Божјата намера со Земјата — наскоро ќе се исполни
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2006
Повеќе
Ти можеш засекогаш да живееш во рајот на Земјата
pe погл. 19 стр. 155-165

19. поглавје

После Армагедон — рајска Земја

1. (а) Што многумина подразбираат под ”Армагедон“? (б) Што вели Библијата за тоа?

”АРМАГЕДОН“ за многумина е збор кој им влева страв в коски. Светските водачи често го употребуваат кога укажуваат на можноста за III. Светска војна. Но, Библијата зборува за Армагедон како за место на кое Бог води праведна војна (Откровение 16:14, 16). Таа Божја војна ќе го израмни патот за праведен нов поредок.

2. (а) Кој ќе биде уништен во Армагедон? (б) Што треба заради тоа да избегнуваме?

2 Во војните кои се водени од луѓето еднакво гинат и злите и добрите, но во Армагедон ќе загинат само злите (Псалми 92:7). Јехова Бог ќе биде судија и ќе го отстрани секој оној кој свесно одбива да ги слуша неговите праведни закони. Многумина денес не гледаат ништо лошо ако вршат блуд, ако се опиваат, лажат или измамуваат. Но, во Божји очи тоа е неисправно. Според тоа, во Армагедон тој нема да ги спаси оние кои не престануваат да го прават тоа (1. Коринтјаните 6:9, 10; Откровение 21:8). Лицата кои го познаваат Божјиот закон, а прават такви лоши работи, безусловно мораат да ги променат своите постапки.

3. (а) Со што го споредил Исус крајот на сегашниот свет? (б) Што ќе се случи со Сатана и неговите демони? (в) Какви услови ќе владеат на рајската Земја според библиските стихови цитирани на следниве страници?

3 После Армагедон нема да остане ниту еден дел од овој зол свет. Само лицата кои му служат на Бог ќе продолжат да живеат (1. Јованово 2:17). Исус Христос ја споредил таа ситуација со деновите на Ное (Матеј 24:37–39; 2. Петрово 3:5–7, 13; 2:5). После Армагедон, Божјето Царство ќе биде единствената влада која ќе владее над Земјата. Сатана и неговите демони повеќе нема да постојат (Откровение 20:1–3). Погледни на следниве страници само некои од благословите на кои, според Библијата, ќе им се радуваат послушните луѓе.

МИР ЗА СИТЕ ЛУЃЕ

”Зашто ни се роди дете, син ни е даден; на рамењата ќе му биде кнежевска власт. И неговото име ќе биде (...) Кнез на мирот. На изобилството од кнежевската власт и мирот нема да има крај“ (Исаија 9:6, 7, NW).

”Во неговите денови ќе цвета праведникот и множина од мир сѐ додека постои месечината. И тој ќе има поданици од море до море и од реката до краевите на земјата“ (Псалми 72:7, 8, Ст).

НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЈНИ

”Дојдете и видете ги делата Господови [Јеховини], кој направи чуда на земјата, Ги прекина војните до крајот на земјата“ (Псалм 46:8, 9, ДК).

ПРЕКРАСНИ КУЌИ И РАДОСНА РАБОТА ЗА СЕКОГО

”Ќе градат куќи и ќе живеат во нив, (...) Нема да градат, за да живее друг, нема да садат, за да јаде друг; (...) моите избрани долго ќе се користат со делото на рацете свои. Нема да се трудат напразно и да раѓаат за скрб; зашто ќе бидат семе, благословено од Господа [Јехова], и потомците нивни со нив“ (Исаија 65:21–23, ББД).

ЗЛОСТОРСТВОТО, НАСИЛСТВОТО И ЗЛОБАТА ИСТРЕБЕНИ

”Зашто оние, што вршат зло, ќе бидат истребени (...) Уште малку, и грешникот ќе го нема; ќе го побараш на местото негово и нема да го најдеш“ (Псалми 36:9, 10, ББД; [37:9, 10, ДК]).

”А беззакониците ќе бидат истребени од земјата, и вероломните — искоренети од неа“ (Книга Соломонови изреки 2:22, ББД).

ЦЕЛАТА ЗЕМЈА ЌЕ БИДЕ РАЈ

Исус рекол: ”Ќе бидеш со мене во рајот“ (Лука 23:43, NW).

”Праведниците ќе ја наследат земјата и ќе живеат на неа вечно“ (Псалми 37:29, ББД).

ИЗОБИЛИЕ ОД ДОБРА ХРАНА ЗА СИТЕ

”И Господ [Јехова] Саваот ќе стави (...) за сите народи трпеза со добри јадења, трпеза со чисти вина, со богати јадења од коски и најчисти вина“ (Исаија 25:6, ББД).

”Ќе има изобилие од пченица на земјата; по врвовите горските ќе се лелее нејзиното класје.“ ”Земјата го даде плодот свој. Нека нѐ благословува Бог, нашиот Бог!“ (Псалм 72:16; 67:6, ДК).

4, 5. (а) Какви услови повеќе нема да владеат на рајската Земја? (б) Што ќе можат тогаш да работат луѓето, што денес на многу места не можат?

4 Сигурно сакаш да живееш во рај на Земјата сличен на градината во која бил создаден Адам, првиот човек (1. Мојсеева 2:8; Лука 23:43). Претстави си — свет без војни, злосторства или насилства! Ќе можеш насекаде да шеташ и дење и ноќе без страв дека некој ќе те нападне. Злобните едноставно повеќе нема да постојат (Псалми 37:35–38).

5 Тоа значи, дека повеќе нема да има нечесни политичари и алчни трговци кои денес ги угнетуваат луѓето. Луѓето повеќе нема да бидат оптоварени со плаќање на високи даноци за вооружување. Никој повеќе нема да биде без добра храна и без поволни услови за живот, затоа што не можел тоа да го обезбеди. Повеќе нема да има невработеност, инфлација и високи цени. Исто така и проблемите кои денес ги мачат смејствата, нема да постојат. Сите ќе имаат работа што ќе им причинува задоволство и ќе можат да ги видат плодовите од својот труд и ќе уживаат во нив.

6. (а) Каква работа ќе извршат оние кои ќе го преживеат Армагедон? (б) Како Бог ќе ја благослови извршената работа?

6 Најпрвин оние кои ќе го преживеат Армагедон ќе ја исчистат Земјата и ќе ги отстранат урнатините од овој стар систем. Тогаш ќе имаат предност под водството на Царската влада да ја уредуваат Земјата и да је претворат во убаво живеалиште. Колку прекрасна работа ќе биде тоа! Сѐ што ќе се направи, Бог ќе го благослови. Тој ќе се погрижи за поволна клима за да успеваат семињата и да се намножи стоката; исто така ќе се погрижи да бидат заштитени од болести и штети.

7. (а) Кое Божје ветување ќе се исполни? (б) Што очекуваат христијаните според Божјето ветување?

7 Тогаш ќе се исполни следното ветување од Творецот полн со љубов, коешто го запишал псалмистот: ”Ја отвараш својата рака и ги заситуваш желбите на сѐ живо“ (Псалми 145:16, NW). Да, потполно ќе се исполни секоја желба на богобојазливите луѓе. Ние не можеме дури ни да си замислиме колку прекрасен ќе биде животот во рајот на Земјата. За Божјето уредување што ќе биде благослов на неговиот народ, апостол Петар напишал: ”Но ние, според Неговото [Божјето] ветување, очекуваме ново небо и нова земја, на кои ќе се настани правда“ (2. Петрово 3:13, ББД; Исаија 65:17; 66:22).

8. (а) Зошто не е потребно дословно ново небо? (б) Што е мислено со ”новото небо“?

8 Што е мислено под изразот ”ново небо“? Тоа не е дословно ново небо. Бог го создал нашето дословно небо совршено и тоа го слави него (Псалми 8:3; 19:1, 2). ”Новото небо“ се однесува на нова влада над Земјата. Сегашното ”небо“ се состои од човечки влади. Тие во Армагедон ќе престанат да постојат (2. Петрово 3:7). Ќе бидат заменети со ”ново небо“ кое ја претставува Божјата небесна влада. Нејзин цар е Исус Христос. Но, како составен дел од ”новото небо“, со него ќе владеат 144000 негови верни следбеници (Откровение 5:9, 10; 14:1, 3).

9. (а) Што е ”новата земја“? (б) Што е земјата која ќе биде уништена?

9 Што е мислено под изразот ”нова земја“? Тоа не е нова планета. Бог ја создал планетата Земја како идеално место за живот на луѓето и таа вечно ќе остане како таква (Псалми 104:5). Со ”нова земја“ се мисли на една нова група или ново човечко општество. Во Библијата во таа смисла често се употребува зборот ”земја“. На пример, во неа читаме: ”А по целата земја [односно во човештвото] имаше еден јазик“ (1. Мојсеева 11:1, ББД). ”Земјата“ која што ќе биде уништена се луѓето кои станале составен дел на овој зол систем (2. Петрово 3:7). ”Новата земја“ која ќе ја замени старата ќе ја сочинуваат вистински Божји слуги кои се одвоиле од светот на злобните луѓе (Јован 17:14; 1. Јованово 2:17).

10. (а) Кој сега се собира и каде? (б) Што, според библиските стихови цитирани на следните страници, ќе се случи на рајската Земја, а кое не може да го стори ниту една човечка влада?

10 Уште сега во христијанското собрание се собираат луѓе од сите раси и народи, кои ќе го сочинуваат дел од ”новата земја“. Единството и мирот кои уште сега владеат меѓу нив е само една мала претслика на она што после Армагедон животот ќе го направи толку пријатен. Божјето Царство навистина ќе спроведе нешто што ниедна човечка влада никогаш не може ниту да помисли а камоли да го изврши. Разгледај на следните страници само некои од тие благослови.

ЦЕЛОТО ЧОВЕШТВО ЉУБЕЗНО БРАТСТВО

”Бог не гледа кој е кој, туку во секој народ му е добредојден оној кој се плаши од него и ја твори правдата“ (Дела на апостолите 10:34, 35, д-р Чарниќ).

”...ете, големо мноштво народ, кое што никој не може да го преброи, — од сите племиња и колена, народи и јазици; (...) нема веќе да огладнат, ниту, пак, да ожеднат“ (Откровение 7:9, 16, ББД).

МИР МЕЃУ ЛУЃЕТО И ЖИВОТНИТЕ

”Тогаш волк ќе живее со јагне, леопардот ќе лежи заедно со јаре; теле, лавче и вол ќе бидат заедно, и мало дете ќе ги води“ (Исаија 11:6; 65:25, ББД).

ПОВЕЌЕ НЕМА ДА ИМА БОЛЕСТИ, СТАРОСТ И СМРТ

”Тогаш ќе им се отворат очите на слепите, ушите на глувите ќе се отнат; тогаш куциот ќе скока како елен, и јазикот на немиот ќе пее“ (Исаија 35:5, 6, ББД).

”... а Сам Бог ќе биде со нив — нивни Бог. И ќе ја избрише Бог секоја солза од очите нивни, и смрт нема да има веќе; ни плач, ни пискот, ниту болка нема да има веќе, бидејќи поранешното помина (Откровение 21:3, 4, ББД).

МРТВИТЕ СЕ ВРАЌААТ ВО ЖИВОТ

”Иде часот кога сите, кои што се во гробовите, ќе го чујат гласот на Синот Божји, и ќе излезат“ (Јован 5:28, 29, ББД).

”И морето ги даде своите мртовци кои се во него, и смртта и адот [хадесот] ги дадоа мртовците кои се во нив“ (Откровение 20:13, д-р Чарниќ).

11. Што честопати го расипува рајот којшто луѓето го прават денес на Земјата?

11 Колку подобар ќе биде рајот под Божјето Царство отколку што и да е друго коешто може да го понуди овој стар систем. Точно е дека луѓето можат да го преуредат во рај местото каде што сега живеат. Меѓутоа, луѓето кои живеат на тие места можат да бидат злобни и себични и дури да се мразат меѓу себе и со текот на времето се разболуваат, стареат и умираат. Но, рајот на Земјата после Армагедон ќе вклучува многу повеќе отколку само убави куќи, градини и паркови.

12, 13. (а) Кои мирољубиви услови ќе владеат после Армагедон? (б) Што е потребно за да се остварат тие услови?

12 Замисли си! Луѓето од сите раси и народи ќе се научат да живеат заедно како браќа и сестри. Навистина ќе се сакаат. Никој повеќе нема да биде себичен или нељубезен. Никој повеќе нема да го мрази другиот поради неговата раса, бојата на кожата или неговото потекло. Повеќе нема да има предрасуди. Секој на Земјата на другите ќе им биде вистински пријател и ближен. Тоа навистина ќе биде рај во духовна смисла. Дали сакаш да живееш во тој рај под ”новото небо“?

13 Денес луѓето многу зборуваат за живот во мир и затоа ја основале дури и Организацијата на обединетите нации. Но, луѓето и народите се поделени како никогаш порано. Што е потребно? Луѓето да се променат во срцето. Едно такво чудо владите од овој свет едноставно не можат да остварат. Но, библиската вест за Божјето Царство тоа го остварува.

14. Што се случува уште денес, како доказ дека тие рајски услови еден ден ќе бидат стварност?

14 Многумина се поттикнати од срце да го љубат Бог кога ќе чујат за тој праведен нов систем. И така почнуваат и со другите да постапуваат љубезно, како што постапува Бог (1. Јованово 4:9–11, 20). Тоа значи голема промена во нивниот живот. Многумина кои биле злобни и полни со омраза како опасни животни, на тој начин станале благи и мирољубиви. Како послушни овци, тие се собираат во христијанското стадо.

15. (а) Кои две групи на христијани постојат? (б) Кои ќе бидат првите коишто ќе ја сочинуваат ”новата земја“?

15 Повеќе од 19 века се собира ”малото стадо“ од 144000 христијани кои ќе владеат со Христос. Од нив уште само малку живеат на Земјата; поголемиот дел од нив веќе владеат со Христос на небото (Лука 12:32; Откровение 20:6). Но, Христос говорел и за други христијани: ”И други овци имам кои не се од ова трло, [”малото стадо“], и нив треба да ги приберам; и ќе го чујат гласот Мој и ќе бидат едно стадо и еден пастир“ (Јован 10:16, ББД). Сега се собира ”големото мноштво“ од тие ”други овци“. Тие ќе бидат првите жители на ”новата земја“. Јехова ќе ги заштити во ”големата неволја“ на крајот од сегашниот зол систем за да живеат во рајот на Земјата (Откровение 7:9, 10, 13–15).

16. Кое чудо ќе направи живеењето со животните да биде радост?

16 После Армагедон уште едно чудо ќе ги разубави рајските услови. Животните како лавови, тигри, леопарди и мечки, кои сега се опасни, ќе бидат мирољубиви. Колку убаво ќе биде тогаш да се шеташ низ шумите и дури некое време да бидеш во придружба на некој лав или можеби некоја голема мечка! Никој нема никогаш повеќе да се плаши од некое друго живо суштество.

17, 18. (а) Која причина за тага повеќе нема да постои на рајската Земја? (б) Зошто можеме да бидеме сигурни дека сите ќе се радуваат на совршено здравје?

17 Но, колку и да се убави куќите и градините и колку луѓето и да се љубезни и пријатни, а животните кротки, ќе владее жалост сѐ додека сме болни и сѐ додека старееме и умираме. Кој може на сите да им даде совршено здравје? На човечките влади не им успеало да го спречат ракот, срцевите заболувања и сите други болести. Дури и кога би им успеало, лекарите признаваат дека луѓето и понатаму би старееле. Со текот на времето, видот би ни ослабнал, мускулите би биле млитави, кожата би се набрчкала и внатрешните органи би престанале да работат. Би настапила смрт. Колку жалосно!

18 После Армагедон, на рајската Земја, преку едно големо чудо Бог сето тоа ќе го промени, затоа што Библијата ветува: ”Ниеден од жителите нема да каже: ’болен сум‘“ (Исаија 33:24, ББД). Кога Исус Христос живеел на Земјата, докажал дека има моќ да ги излечи сите видови болести кои се последица од наследениот грев од Адам (Марко 2:1–12; Матеј 15:30, 31). Под владата на Царството никој повеќе нема да старее. Старите повторно ќе станат млади. Да, ’телото на човекот ќе биде посвежо отколку во деновите на младоста‘ (Јов 33:25). Колку воодушевувачки ќе биде тогаш кога при секое будење наутро ќе се чувствуваме поздрави отколку претходниот ден.

19. Кој последен непријател ќе биде уништен, и како?

19 Сигурно дека ниеден кој ќе живее на рајската Земја и ќе има младешка свежина и совршено здравје, нема да посака да умре. И никој повеќе не ќе мора да умре! Оние кои што ќе ги користат благодетите на откупната жртва, на крајот ќе го примат Божјиот прекрасен дар на ”вечен живот преку Христос Исус, нашиот Господ“ (Римјаните 6:23, NW). Како што кажува Библијата, Христос мора ”да владее како цар, додека Бог не ги положи сите негови непријатели под негови нозе. Како последен непријател ќе биде уништена смртта“ (1. Коринтјаните 15:25, 26, NW; Исаија 25:8).

20. Кој друг, освен луѓето кои денес живеат, ќе се радува на рајската Земја, и како тоа ќе биде можно?

20 Дури и оние кои се умрени ќе се радуваат на рајската Земја. Тие ќе се вратат во живот! Тогаш повеќе нема да има огласи за умрени, туку радосни извештаи за воскреснати. Колку прекрасно ќе биде да им се искаже добредојде на умрените татковци, мајки, деца и други сакани лица кои ќе излезат од гробовите. Мртвачници, гробови и надгробни споменици повеќе нема да ја нагрдуваат рајската Земја.

21. (а) Кој ќе помага при надгледувањето да се почитуваат законите и упатствата на ”новото небо“? (б) Како можеме да покажеме дека навистина го сакаме ”новото небо“ и ”новата земја“?

21 Кој ќе ги надгледува и води активностите на рајската Земја? Сите закони и упатства ќе дојдат од ”новото небо“. На Земјата ќе бидат поставени верни луѓе кои ќе се грижат да бидат почитувани тие закони и упатства. Бидејќи тие луѓе се посебни застапници на небесното Царство, Библијата ги нарекува ”кнезови“ (Исаија 32:1, 2; Псалми 45:16). Уште денес во христијанското собрание се поставуваат луѓе преку Божјиот свет дух, кои предводат и се грижат за сите собраниски активности (Дела на апостолите 20:28). Можеме да бидеме уверени дека после Армагедон, Христос ќе внимава да бидат поставени вистинските луѓе како застапници на царската влада, затоа што тој тогаш директно ќе се вмеша во приликите на Земјата. Како можеш да покажеш дека нестрпливо го очекуваш Божјето ”ново небо“ и неговата ”нова земја“? Така што ќе правиш сѐ што е во твојата моќ да ги задоволиш барањата за животот во тој праведен нов систем (2. Петрово 3:14).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели