ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • gt погл. 34
  • Ги избира своите апостоли

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Ги избира своите апостоли
  • Најголемиот човек кој некогаш живеел
  • Сличен материјал
  • Исус избрал дванаесет апостоли
    Исус — патот, вистината и животот
  • Исус поучува на една гора
    Мојата книга со библиски приказни
  • Исус избрал дванаесет апостоли
    Поуки од Библијата
  • Оние што станале ученици на Исус
    Учи од Големиот Учител
Повеќе
Најголемиот човек кој некогаш живеел
gt погл. 34

Поглавје 34

Ги избира своите апостоли

ИЗМИНА веќе околу година и пол откако Јован Крстител го претстави Исус како Божје Јагне и откако Исус започна со својата јавна служба. Во тоа време Андреј, Симон Петар, Јован, а можеби и Јаков (братот на Јован), како и Филип и Натанаел (наречен и Вартоломеј), станаа негови први ученици. Со текот на времето, многу други им се придружуваат во следењето на Христос.

Сега Исус е подготвен да ги избере своите апостоли. Тие ќе бидат негови присни соработници на кои ќе им даде посебна обука. Но, пред да ги избере, Исус се качува на планината и цела ноќ ја поминува во молитва, веројатно барајќи мудрост и Божји благослов. Кога се разденува, ги повикува своите ученици и од нив избира дванаесетмина. Меѓутоа, со оглед на тоа што тие и понатаму учат од Исус, сѐ уште се нарекуваат ученици.

Шестемина кои Исус ги избира, спомнати погоре, се оние кои станаа негови први ученици. Избран е и Матеј, кого Исус го повика од даночната канцеларија. Останатите петмина кои ги избира се: Јуда (наречен и Тадеј), Јуда Искариот, Симон Хананеецот, Тома и Јаков, синот на Алфеј. Овој Јаков е наречен и Јаков Помалиот, можеби затоа што или бил помал во физичкиот раст или помлад од другиот апостол Јаков.

Овие 12-мина веќе извесно време се со Исус, и тој добро ги познава. Всушност, извесен број од нив се негови роднини. Јаков и брат му Јован очигледно се Исусови први братучеди. А Алфеј веројатно му бил брат на Јосиф, Исусовиот очув. Значи и синот на Алфеј, апостол Јаков, бил Исусов братучед.

Се разбира, Исус нема проблем да ги запомни имињата на своите апостоли. Но дали ти можеш да ги запомниш? Па, само запомни дека двајца се викаат Симон, двајца Јаков, и двајца се викаат Јуда, и дека Симон има брат Андреј, а Јаков има брат Јован. Тоа е клучот да се запомнат осум апостоли. Останатите четворица се даночникот (Матеј), оној кој подоцна се сомневаше (Тома), оној кој беше повикан од под дрво (Натанаел) и неговиот пријател Филип.

Единаесетмина од апостолите се од Галилеја, Исусовиот крај. Натанаел е од Кана. Филип, Петар и Андреј се по потекло од Витсаида, Петар и Андреј подоцна се селат во Капернаум, каде изгледа живеел Матеј. Јаков и Јован имале рибарски занает и веројатно живееле во Капернаум или во неговата близина. Се чини дека Јуда Искариот, кој подоцна го предаде Исус, е единствениот апостол од Јудеја. Марко 3:13—19; Лука 6:12—16.

▪ Кои апостоли веројатно му биле роднини на Исус?

▪ Кои се Исусовите апостоли и како можеш да им ги запомниш имињата?

▪ Од кои подрачја дошле апостолите?

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели