Предговор
Ќе постои ли некогаш свет без војни? — Во наше време сме ги виделе најопустошувачките војни кои некогаш го погодиле човештвото. Милиони вдовици, вдовци и сирачиња останале да тажат по своите сакани. Во 1991, на мировната конференција за Блискиот исток во Мадрид, Јицак Шамир рекол: „Сигурен сум дека нема арапска мајка која би сакала нејзиниот син да загине во борба, исто како што ниедна еврејска мајка не сака синот да ѝ загине во војна“. Затоа е соодветен и нашиот наслов: Ќе постои ли некогаш свет без војни?
И дали некогаш си се запрашал: Постои ли некаков начин да се утврди постоењето на Бог? Ако постои, зошто допуштил толку многу страдања? Каква е Божјата намера со нас и како можеме да ја дознаеме? Каков доказ постои дека Библијата е вдахновена? Каква е вистинската состојба на умрените и каква надеж, ако воопшто ја има, постои за нив? Овие и други прашања ќе бидат обработени во текот на ова разгледување.
[Слики на страница 2]
Планината Хермон
Близу Галилејското Море
Реката Јордан
Земјата може да биде рај — човекот ја претворил во бојно поле
Насловна страница: Статуата на мирот на Обединетите нации поставена пред ѕидот на Исаија