ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • ed стр. 2
  • Целта на оваа брошура

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Целта на оваа брошура
  • Јеховините сведоци и образованието
Јеховините сведоци и образованието
ed стр. 2

Целта на оваа брошура

Picture on page 3

ХОЛАНДСКИОТ филозоф Спиноза напишал: „Се трудев да не им се смеам на човечките постапки да не плачам поради нив ниту да ги мразам туку да ги разберам“. Како педагог Вие сте соочени со предизвикот да се потрудите да ги сфатите гледиштата потеклото и уверувањата на учениците кои се во Ваша надлежност вклучувајќи ги и учениците кои се деца на Јеховини сведоци. Понекогаш таквите ученици заземаат некаков наизглед невообичаен став во врска со одредени прашања. Но кога таквите постапки јасно произлегуваат од религиозните и моралните убедувања на ученикот тие го заслужуваат Вашето внимание. Оваа брошура ја издава Библиското и трактатно Друштво Стражарска кула (издавачка агенција на Јеховините сведоци) со цел да Ви помогне подобро да ги разберете учениците кои се Сведоци. Се надеваме дека ќе одвоите време внимателно да ја прочитате.

Да се сфатат нечии религиозни убедувања не значи да се прифатат или следат истите а информирањето не е исто што и прозелитирање. Оваа брошура нема за цел Вам или на Вашите ученици да Ви го наметне религиозното убедување на Сведоците. Наша желба е само да Ве информираме за начелата и уверувањата за кои некои од Вашите ученици се поучувани од своите родители со цел да Ви биде полесно да ги разберете децата кои се Сведоци и да соработувате со нив. Се разбира можеби постапките на децата не се секогаш меѓусебно складни со она за што се поучени бидејќи секое дете се учи да развива сопствена совест.

Како и повеќето родители Јеховините сведоци сакаат нивните деца да извлечат максимална корист од школувањето. За таа цел ги поучуваат своите деца да соработуваат со наставниците. Од друга страна пак родителите Сведоци и нивните деца ценат кога педагозите постапуваат со нив со разбирање и со почит.

Јеховините сведоци се христијани кои се познати во целиот свет. Меѓутоа понекогаш се погрешно разбрани. Затоа се надеваме дека оваа брошура ќе Ви помогне подобро да ги разберете децата Сведоци кои се во Ваша надлежност. Посебно се надеваме дека ќе увидите зошто во некои специфични ситуации можеби си земаат за право да бидат поинакви.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели