Задна корица
СЕМЕЈСТВОТО е најстарата позната човечка институција, но денес тоа е во неволја. Заради застрашувачкото ширење на злоупотреба на дрога и неморал кај тинејџерите, денешните проблеми со разводот и насилството во семејството, сѐ поголемиот број на семејства со еден родител, како и заради други сериозни проблеми, некои се прашуваат дали семејниот живот ќе опсатане.
Дали сѐ уште е возможно семејството да претставува стабилна, здрава средина за неговите членови? Да, ако членовите на семејството ја знаат вистинската тајна на семејната среќа. Оваа тајна не е сокриена. Таа била испробувана и проверувана во текот на многу, многу векови. Која е таа? Оваа книга, Тајната на семејната среќа, го содржи одговорот. Таа дава и практични примери за тоа како може оваа „тајна“ да помогне во справувањето со многу предизвици во семејството. Зарем денес постои некој на кого не му требаат вакви информации?