Како да се користи оваа брошура
Оваа брошура е наменета како курс за проучување на Библијата. Како треба да се користи? Ја предлагаме следнава програма: На почетокот од секоја лекција има прашања. После секое прашање ќе ги најдеш во загради броевите на пасусите во кои се наоѓаат одговорите. Прво прочитај ги прашањата. Размисли за нив. Потоа прочитај го секој пасус и побарај ги библиските стихови во твојата Библија. Кога ќе завршиш со една лекција, врати се на прашањата и обиди се да се сетиш на библискиот одговор на секое прашање. Кога ќе ја завршиш целата брошура, врати се назад и повтори ги сите прашања.