ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • gf лекција 18 стр. 30-31
  • Биди Божји пријател засекогаш!

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Биди Божји пријател засекогаш!
  • Ти можеш да бидеш Божји пријател!
  • Сличен материјал
  • Слободен, но одговорен народ
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1992
  • Добредојдовте на Обласните конгреси ”Љубители на слободата!“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1991
  • Не промашувај ја целта на слободата дадена од Бог
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1992
  • Служи му на Јехова, Богот на слободата
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2018
Повеќе
Ти можеш да бидеш Божји пријател!
gf лекција 18 стр. 30-31

Лекција 18

Биди Божји пријател засекогаш!

Потребен е напор за да се стекне пријател; потребен е напор за да се задржи пријател. Твоите напори да станеш и да му останеш пријател на Бог ќе бидат богато благословени. Исус им рекол на оние кои верувале во него: „Вистината ќе ве ослободи“ (Јован 8:32). Што значи тоа?

Можеш да уживаш слобода сега. Можеш да бидеш слободен од лажните науки и лаги што ги раширил Сатана. Можеш да бидеш слободен од безнадежноста што им ги исполнува животите на милиони луѓе кои не го познаваат Јехова (Римјаните 8:22). Божјите пријатели се слободни дури и од „страв пред смртта“ (Евреите 2:14, 15).

Можеш да уживаш слобода во Божјиот нов свет. Во каква само прекрасна слобода ќе можеш да уживаш во иднина! На рајската Земја ќе има слобода од војна, болест и криминал. Слобода од сиромаштија и глад. Слобода од старост и смрт. Слобода од страв, угнетување и неправда. Библијата за Бог вели: „Ја отвораш својата рака и ја задоволуваш желбата на сѐ живо“ (Псалм 145:16, NW).

Божјите пријатели ќе живеат засекогаш. Вечниот живот е скапоцен подарок што Бог ќе им го даде на сите кои го бараат неговото пријателство (Римјаните 6:23). Само замисли си што ќе значи за тебе бескрајниот живот!

Ќе имаш време да правиш многу работи. Можеби ќе сакаш да научиш да свириш на некој музички инструмент. Или можеби ќе сакаш да научиш да црташ слики или да бидеш дрводелец. Можеби ќе сакаш да учиш за животните или за растенијата. Или можеби ќе сакаш да патуваш и да видиш различни земји и луѓе. Ако живееш вечно сето ова ќе биде возможно!

Ќе имаш време да стекнеш многу пријатели. Вечниот живот ќе овозможи да се запознаеш со многу други луѓе кои станале Божји пријатели. Ќе ги запознаеш нивните таленти и убави особини, и тие ќе ти бидат пријатели и тебе. Ти ќе ги сакаш нив и тие ќе те сакаат тебе (1. Коринтјаните 13:8). Вечниот живот ќе ти даде време за да се спријателиш со сите на Земјата! Најдобро од сѐ ќе биде тоа што, како што ќе минуваат вековите, твоето пријателство со Јехова ќе станува сѐ поцврсто. Ти пожелуваме да бидеш Божји пријател засекогаш!

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели