Да учиме од... Давид
Давид ја сака музиката. Тој е надарен музичар и текстописец. Дури и самиот изработува инструменти (2. Летописи 7:6). Толку е вешт што царот на Израел го повикува да свири на царскиот двор (1. Самоилова 16:15-23). Давид прифаќа. Но, поради тоа не станува горделив, ниту дозволува музиката да му биде најважното нешто во животот. Напротив, тој ги користи своите таленти за да го слави Јехова.
Дали ти ја сакаш музиката? Можеби не си талентиран музичар, но можеш да го следиш примерот на Давид. Како? Така што нема да дозволиш музиката да ти биде најважното нешто во животот или да те наведе да размислуваш и да постапуваш на начин со кој би го срамел Бог. Наместо тоа, користи ја музиката за повеќе да му се радуваш на животот. Способноста да се создава музика и да се ужива во неа е дар од Бог (Јаков 1:17). Со начинот на кој го користел овој дар, Давид го радувал Јехова. Ќе го направиш ли истото и ти?