ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • bm дел 10 стр. 13
  • Мудриот цар Соломон

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Мудриот цар Соломон
  • Библијата — која е нејзината порака?
  • Сличен материјал
  • Соломон — добар пример или предупредување за нас?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2011
  • Храмот на Јехова
    Поуки од Библијата
  • Мудриот цар Соломон
    Мојата книга со библиски приказни
  • Да го цениме Исус — поголемиот Давид и поголемиот Соломон
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2009
Повеќе
Библијата — која е нејзината порака?
bm дел 10 стр. 13
Царицата од Сава оди кон престолот на цар Соломон

ДЕЛ 10

Мудриот цар Соломон

Јехова му дава мудрост на цар Соломон. Додека владее тој, Израелците живеат во потполн мир и благосостојба

КАКОВ би бил животот кога целиот народ, заедно со својот владетел, би му бил подложен на Јехова како на свој Врховен Владетел и би ги слушал неговите закони? Одговорот на ова прашање бил даден во текот на 40-годишното владеење на цар Соломон.

Пред да умре, Давид го прогласил Соломон за свој наследник. Бог му се јавил на Соломон во сон и го прашал што сака да му даде. Тој побарал мудрост и знаење за да може исправно и мудро да му суди на народот. Јехова бил задоволен со тоа барање и му дал мудрост и разборитост. Но, му ветил и богатство, слава и долг живот, под услов да му остане послушен.

Соломон се прочул по своите мудри пресуди. Еднаш, две жени се карале околу едно новороденче и секоја од нив тврдела дека му е мајка. Соломон заповедал да го расечат бебето на два дела и на секоја жена да ѝ дадат по една половина. Едната од нив се согласила, но вистинската мајка го преколнувала да ѝ го даде детето на другата жена. На Соломон веднаш му било јасно дека таа сочувствителна жена е вистинската мајка, и затоа ѝ го дал детето нејзе. Наскоро во целиот Израел се расчуло за таа пресуда и народот се уверил дека Соломон добил мудрост од Бог.

Едно од најголемите достигнувања на овој цар била изградбата на Јеховиниот храм — величествено здание во Ерусалим кое станало главно место во кое Израелците му служеле на Бог. При посветувањето на храмот, Соломон во молитва рекол: „Еве, ни небесата, ни небото над небесата не можат да те соберат, а камоли овој дом што го изградив!“ (1. Царевите 8:27).

Гласот за Соломон се раширил и во други земји, и стигнал дури до Сава во Арабија. Царицата од Сава дошла да ги види неговата слава и богатство и да се увери дали навистина е толку мудар. Мудроста и богатството на Соломон оставиле толку силен впечаток врз неа што таа го фалела Јехова што поставил на престолот толку мудар цар. Соломон навистина бил благословен од Јехова. Во текот на неговото царување, владееле таков мир и благосостојба како никогаш порано во историјата на древниот Израел.

За жал, Соломон не постапувал до крајот на животот во склад со мудроста што ја добил од Бог. Не бил послушен на сите Божји заповеди и се оженил со стотици жени. Бидејќи многу од нив служеле на туѓи богови, со текот на времето го одвратиле неговото срце од Јехова, и Соломон почнал да се клања на идоли. Поради тоа, Бог му рекол дека ќе му го одземе поголемиот дел од царството, а ќе остави само мал дел во неговото семејство поради ветувањето што му го дал на татко му, Давид. Иако Соломон престанал да му служи верно на Јехова, Јехова се држел за сојузот за Царството што го склучил со Давид.

Се темели на 1. Царевите, поглавја 1—11, 2. Летописи, поглавја 1—9, и 5. Мојсеева 17:17.

  • Како Бог го исполнил барањето на Соломон?

  • Како Соломон ја покажал својата мудрост?

  • Зошто Соломон го напуштил Јехова, и до што водело тоа?

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели