ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • bm дел 12 стр. 15
  • Мудри совети од Бог за секојдневниот живот

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Мудри совети од Бог за секојдневниот живот
  • Библијата — која е нејзината порака?
  • Сличен материјал
  • Стекни мудрост и прифати стега
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1999
  • Мудриот цар Соломон
    Библијата — која е нејзината порака?
  • Избрани стихови од книгата Изреки
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2006
  • Да се негува божествен страв
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1993
Повеќе
Библијата — која е нејзината порака?
bm дел 12 стр. 15
Луѓе од библиски времиња собираат жито

ДЕЛ 12

Мудри совети од Бог за секојдневниот живот

Библиската книга Изреки претставува збирка корисни совети што Бог ни ги дал за секојдневниот живот. Повеќето од нив ги кажал Соломон

ДАЛИ Јехова е мудар Владетел? На ова прашање ќе добиеме јасен одговор ако разгледаме какви совети ни дава. Дали се практични? Дали со нивната примена животот ќе ни биде поубав и поисполнет? Мудриот цар Соломон напишал стотици изреки, кои го допираат речиси секое поле од животот. Да разгледаме некои од нив.

Доверба во Бог. За да бидеме блиски со Јехова, мора да имаме доверба во него. Соломон напишал: „Имај доверба во Јехова со сето свое срце и не потпирај се на сопствениот разум. На сите свои патишта имај го на ум, и тој ќе ги исправи твоите патеки“ (Изреки 3:5, 6). Ако се потпираме на Бог со тоа што ќе бараме водство од него и ќе му бидеме послушни, нашиот живот ќе има вистинска смисла. Така ќе го радуваме Јехова, и тој ќе има што да одговори на спорните прашања кои ги покренал неговиот противник, Сатана (Изреки 27:11).

Мудрост во постапките со другите. Божјите совети за мажите, жените и децата денес се попотребни од кога и да е порано. Бог му вели на мажот да ‚се радува со жената на својата младост‘, што значи дека треба да ѝ биде верен (Изреки 5:18-20). Мажените жени можат да најдат во книгата Изреки убав опис на способна жена која е ценета и почитувана од својот маж и од своите деца (Изреки, 31. поглавје). А децата се поучени да ги слушаат своите родители (Изреки 6:20). Оваа книга покажува дека е важно да имаме пријатели и нѐ предупредува дека е опасно да се повлечеме од другите затоа што така може да станеме себични (Изреки 18:1). Пријателите можат да влијаат врз нас добро или лошо, па затоа треба мудро да ги избираме (Изреки 13:20; 17:17).

Мудро да се грижиме за себеси. Во книгата Изреки наоѓаме скапоцени совети, како, на пример, да не претеруваме со пиење, да развиваме позитивни чувства а да се бориме против негативните, и да бидеме вредни работници (Изреки 6:6; 14:30; 20:1). Оваа книга нѐ предупредува дека е многу опасно да се потпираме на човечкото просудување кое не се темели на Божјите совети (Изреки 14:12). Освен тоа, нѐ поттикнува да го чуваме своето симболично срце од лошите влијанија кои би можеле да нѐ расипат, потсетувајќи нѐ дека „од [срцето] извира животот“ (Изреки 4:23).

Милиони луѓе низ целиот свет се увериле дека, откако почнале да ги применуваат овие совети, животот навистина им станал поубав. Тие навистина имаат добри причини да го прифатат Јехова како свој Владетел!

Се темели на Изреки.

  • Што можеме да научиме од книгата Изреки?

  • Кои совети во врска со довербата во Бог, постапките со другите и грижата за себеси ги содржи книгата Изреки?

ПРОПОВЕДНИК

Која е смислата на животот и што му носи вистинско задоволство на човекот? Соломон имал одлични услови да го побара одговорот на ова прашање. Бидејќи имал неизмерно богатство, мудрост и власт, можел да испита дали овие работи ќе му донесат вистинска среќа. Го почувствувал задоволството што го носи богатството, се оженил со многу убави жени и уживал во најдобрата забава. Градел величествени зданија и ги проучувал мудрите списи од своето време. До кој заклучок дошол на крајот? „Сѐ е суета.“ Тој сфатил една многу важна работа, која ја изразил со следниве зборови: „Заклучокот на сето она што го чу е: бој се од вистинскиот Бог и држи ги неговите заповеди. Зашто, тоа е целата должност на човекот“ (Проповедник 12:8, 13).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели