Внатрешна страна на предната корица
Драги млади!
Вашиот небесен Татко, Јехова Бог, многу ве сака. Тој сака да бидете среќни. Но, можеби се прашувате: ‚Зарем е можно да се биде среќен денес?‘ Ова е добро прашање. Факт е дека животот не е лесен. Се чини дека секој ден се појавуваат проблеми поради кои би можеле да ја изгубиме радоста. Но, нашиот добар Татко е тука за да ни помогне! Неговата Реч ни го дава водството што ни е потребно за успешно да пловиме по немирните води на животот. Иако Библијата била напишана пред многу векови, советите што се наоѓаат во неа се исто толку практични како и во времето кога биле напишани (Псалм 119:98, 99; 2. Тимотеј 3:16, 17).
Ја подготвивме оваа публикација затоа што ве сакаме. Сакаме да бидете среќни и да имате најдобар можен живот. За таа цел, ве поттикнуваме не само да ја прочитате книгата од прва до последна страница туку и често да се служите со неа кога ќе се соочите со проблеми. Една од целите на оваа книга е да ви помогне подобро да комуницирате со родителите. Се надеваме дека ќе ја прочитате или дури и ќе проучувате делови од неа заедно. Учете од мудроста и искуството на вашите родители!
Со љубов,
Водечко тело на Јеховините сведоци