ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • lfb погл. 33 стр. 82-стр. 83 пас. 2
  • Рут и Ноемина

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Рут и Ноемина
  • Поуки од Библијата
  • Сличен материјал
  • Рут и Ноемина
    Мојата книга со библиски приказни
  • „Каде ќе одиш ти, таму ќе одам и јас“
    Угледајте се на нивната вера
  • Врвни точки од книгата Рута
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2005
  • „Каде ќе одиш ти, таму ќе одам и јас“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2012
Повеќе
Поуки од Библијата
lfb погл. 33 стр. 82-стр. 83 пас. 2
Ноемина ѝ вели на Рут да се врати дома

ПОГЛАВЈЕ 33

Рут и Ноемина

Во Израел завладеал голем глад. Затоа, Ноемина се преселила во Моав заедно со мажот и двата сина. По некое време, мажот на Ноемина умрел. Нејзините синови се ожениле со две жени од Моав — Рут и Орфа. За жал, и синовите на Ноемина умреле.

Кога Ноемина слушнала дека во Израел пак има храна за сите, решила да се врати таму. Со неа тргнале и нејзините две снаи. Додека патувале, Ноемина им рекла: „Вие им бевте добри жени на моите синови. И мене ми бевте добри снаи. Ама сакам пак да си се омажите. Затоа, вратете се во Моав“. Но, Рут и Орфа ѝ рекле: „Ние многу те сакаме! Нема да те оставиме“. Ноемина продолжила да ги убедува да се вратат назад. На крајот, Орфа си заминала, а Рут останала со својата свекрва. Ноемина ѝ рекла: „Орфа се врати кај својот народ и кај своите богови. Оди и ти со неа и врати се во домот на својата мајка“. Но, Рут рекла: „Нема да те оставам. Твојот народ ќе биде мој народ, и твојот Бог ќе биде мој Бог“. Што мислиш, како се чувствувала Ноемина кога го чула тоа?

Рут и Ноемина стигнале во Израел во време кога се собирал јачменот. Еден ден, Рут отишла на нивата на Вооз, кој ѝ бил син на Раав, за да го собира јачменот што бил останат на нивата. Вооз чул дека таа била Моавка и дека не ја оставила својата свекрва, Ноемина. Затоа им кажал на своите работници да оставаат малку повеќе јачмен на нивата за да може Рут да го дособере.

Рут собира жито на нивата на Вооз

Таа вечер, кога Рут се вратила дома, Ноемина ја прашала: „На која нива работеше денес?“ Рут ѝ одговорила: „На нивата на еден човек што се вика Вооз“. Тогаш Ноемина рекла: „Вооз ни е роднина од страната на маж ми. Остани да работиш на неговата нива со другите девојки. Таму си на сигурно“.

Ноемина со Вооз, Рут и Овид

Рут одела на нивата на Вооз сѐ до крајот на жетвата. Вооз видел дека таа е вредна и добра жена. Во тоа време, ако еден човек умрел без синови, некој негов роднина можел да се ожени со жена му која останала вдовица. Затоа, Вооз си ја зел Рут за жена. Тие имале син, кого го нарекле Овид и кој подоцна станал дедо на цар Давид. Пријателките на Ноемина многу се радувале. Тие ѝ рекле: „Прво Јехова ти ја даде Рут, која беше многу добра со тебе, а сега ти даде и внуче. Колку е добар Јехова!“

„Има... пријатели поприврзани од брат“ (Изреки 18:24)

Прашања: Како Рут покажала дека многу ја сака Ноемина? Како Јехова се грижел за Рут и за Ноемина?

Рут 1:1 — 4:22; Матеј 1:5

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели