Вовед во дел 14
Првите христијани ја проповедале добрата вест за Божјето Царство до сите краеви на Земјата. Исус ги упатил каде да проповедаат. Освен тоа, со чудо им дал способност да зборуваат разни јазици за да ги поучуваат луѓето на нивниот мајчин јазик. Јехова им дал храброст и сила да издржат и покрај силното прогонство.
Исус му дал на апостол Јован видение за славата на Јехова. Во друго видение, Јован видел како небесното Царство го победува Сатана и му става крај на неговото владеење. Јован го видел Исус како Цар, а заедно со него 144.000 други цареви. Исто така, Јован видел дека Земјата станала рај и дека сите луѓе му служат на Јехова во слога и мир.