ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • scl стр. 12-16
  • Брак

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Брак
  • Библиски стихови за нашиот живот
Библиски стихови за нашиот живот
scl стр. 12-16

Брак

Кој го основал бракот?

1Мо 1:27, 28; 2:22-24; Мт 19:4-6

Кого еден христијанин треба да избере за свој брачен другар?

Зошто еден вистински христијанин не треба да ја поддржи одлуката на својот крстен син или својата крстена ќерка да стапи во брак со некој што не е крстен слуга на Јехова?

1Ко 7:39; 2Ко 6:14, 15

  • Библиски извештаи:

    • 1Мо 24:1-4, 7 — Остарениот Авраам бил решен да му најде жена на својот син Исак меѓу оние што му служеле на Јехова, а не меѓу Ханаанците, кои обожавале други богови

    • 1Мо 28:1-4 — Исак му заповедал на својот син Јаков да земе жена која му служи на Јехова, а не Ханаанка

Како гледа Јехова на оние што стапуваат во брак со некој што не му служи нему?

5Мо 7:3, 4

  • Библиски извештаи:

    • 1Ца 11:1-6, 9-11 — Јехова се разгневил на цар Соломон затоа што не ги послушал неговите предупредувања и си зел жени туѓинки, а дозволил и да му го заведат срцето

    • Не 13:23-27 — Исто како Јехова, и Неемија бил многу лут поради тоа што некои Израелци си зеле за жени туѓинки кои не му служеле на Јехова; затоа ги прекорил

Зошто е мудро да се стапи во брак со некој што верно му служи на Јехова и е на добар глас?

Из 18:22; 31:10, 28

Види и Еф 5:28-31, 33

  • Библиски извештаи:

    • 1Са 25:2, 3, 14-17 — Мажот на Авигеја, Навал, бил богат човек, но бил груб и злобен; затоа бил лош сопруг

    • Из 21:9 — Ако не го избереш мудро својот брачен другар, може да бидеш несреќен и да го изгубиш мирот

    • Ри 7:2 — Апостол Павле објаснил дека, кога една жена ќе стапи во брак, нејзиниот несовршен маж има одредена мера авторитет над неа; затоа една мудра жена внимава кого ќе го избере за свој сопруг

Подготовка за брак

Зошто еден маж уште пред да почне да размислува за брак треба да биде подготвен да се грижи за свое семејство?

1Ти 5:8

  • Библиски извештај:

    • Из 24:27 — Уште пред да стапи во брак и да има деца, еден маж треба трудољубиво да работи за да биде подготвен да издржува семејство

Зошто двајца што се во врска треба да бараат совети од други и зошто треба подобро да се запознаат наместо да се концентрираат на надворешниот изглед на другиот?

Из 13:10; 1Пе 3:3-6

  • Библиски извештаи:

    • Рут 2:4-7, 10-12 — Вооз дознал многу работи за Рут така што видел колку трудољубиво работела и така што слушнал на каков глас била таа, како се однесувала со Ноемина и колку многу го сакала Јехова

    • Рут 2:8, 9, 20 — Рут видела дека Вооз е добар и обѕирен, дека е дарежлив и дека го сака Јехова

Зошто Јехова очекува од двајца што се во врска или што се свршени да останат чисти во морален поглед?

Га 5:19; Кол 3:5; 1Со 4:4

  • Библиски извештаи:

    • Из 5:18, 19 — Некои физички изрази на љубов се дозволени само за брачните двојки

    • Пнп 1:2; 2:6 — Додека се запознавале, пастирот и Суламката си разменувале чисти изрази на љубов, а не изрази на нечиста страст, која може да води до неморал

    • Пнп 4:12; 8:8-10 — Суламката покажала самоконтрола и останала чиста во морален поглед; таа била како „градина оградена“

Зошто бракот треба да биде регистриран пред законот?

Мт 22:21; Ри 13:1; Тит 3:1

Улогата на сопругот

Кои важни одговорности ги има еден сопруг?

Еф 5:23, 25, 28-31, 33

Чиј пример треба да го следат христијанските сопрузи како поглавари?

1Ко 11:3; Еф 5:23

Зошто еден сопруг треба да покажува љубов кон својата сопруга и разбирање за нејзините потреби и чувства?

Кол 3:19; 1Пе 3:7

  • Библиски извештаи:

    • 1Мо 21:8-12 — Јехова му рекол на Авраам да го послуша предлогот на својата сопруга, Сара, иако на Авраам не му се допаѓал

    • Из 31:10, 11, 16, 28 — Еден мудар сопруг кој има вредна жена, како што е опишано во овие стихови, не ја контролира, ниту пак само ѝ наоѓа мани; наместо тоа, има доверба во неа и ја пофалува

    • Еф 5:33 — Под водство на светиот дух, апостол Павле укажал дека една жена има силна потреба да чувствува дека маж ѝ ја сака

Улогата на сопругата

Кои важни одговорности Јехова ѝ ги дал на сопругата?

1Мо 2:18; Кол 3:18; Тит 2:4, 5

Дали улогата на жената е понижувачка во кој и да било поглед?

1Мо 1:26-28, 31; 2:18

  • Библиски извештаи:

    • Из 1:8; 1Ко 7:4 — Бог им дал на сопругите и мајките одредена мера авторитет во семејството

    • 1Ко 11:3 — Апостол Павле објаснил дека Бог така ги уредил работите за секој да биде подложен некому, освен самиот тој како Семоќен Бог

    • Ев 13:7, 17 — Во собранието, и мажите и жените треба да им бидат послушни и подложни на оние што се поставени да предводат

Како една христијанка чиј маж не е Сведок може да го радува Јехова?

1Ко 7:13-16; 1Пе 3:1, 2

Зошто една христијанка треба да го почитува својот сопруг?

Еф 5:33

  • Библиски извештај:

    • 1Мо 18:12; 1Пе 3:5, 6 — Сара толку многу го почитувала својот сопруг, Авраам, што дури и во мислите го нарекувала „мојот господар“

За каква жена се зборува пофално во Библијата?

Из 19:14; 31:10, 13-31

  • Библиски извештаи:

    • 1Мо 24:62-67 — Ревека му помогнала на својот сопруг, Исак, да најде утеха по смртта на мајка му

    • 1Са 25:14-24, 32-38 — Авигеја го заштитила својот безумен сопруг и го спасила своето домаќинство со тоа што понизно го замолила Давид да им покаже милост

    • Ес 4:6-17; 5:1-8; 7:1-6; 8:3-6 — Царицата Естира двапати си го ризикувала својот живот со тоа што се појавила неповикана кај својот сопруг, царот, со цел да го замоли да го заштити Божјиот народ

Решавање проблеми

Кои начела може да им помогнат на брачните двојки да ги решаваат проблемите што ќе се појават во бракот?

1Ко 13:4-8; Еф 5:33; Кол 3:12-14

Кои начела може да им помогнат на брачните двојки да имаат урамнотежено гледиште за парите?

Лк 12:15; Фп 4:5; 1Ти 6:9, 10; Ев 13:5

Види и „Пари“

Кои начела може да им помогнат на брачните двојки ако имаат несогласувања околу односите со родителите и роднините?

Пс 34:14; Мт 19:5, 6; 1Ко 13:4, 5

Кои начела може да ги водат брачните двојки кога станува збор за сексуалните односи?

Из 5:15-20; Мт 5:27, 28; 1Ко 7:3-5; 10:24; Фп 2:4; Ев 13:4

Зошто е важно сопружниците да се концентрираат на убавите особини на другиот наместо на слабостите?

Пс 103:14; 130:3, 4; Из 17:9; 1Пе 4:8

Зошто е подобро брачните двојки да ги решаваат проблемите брзо и со љубов наместо да држат лутина или да дозволат таа да премине во огорченост?

Пс 37:8; Из 14:29; Еф 4:26, 27; Јк 1:19, 20

Зошто изливи на гнев, викање, вербално насилство, како и секакво физичко насилство во никој случај не се прифатливи за христијаните?

Пс 11:5; Га 5:19-21; Еф 4:31, 32; Тит 3:2

Што треба да им биде цел и на двајцата сопружници кога ќе се појават несогласувања?

Пс 34:14; Мт 5:9; Ри 12:17, 18, 21

Какви благослови ќе има во еден брак ако Јехова е најважниот дел од него?

Про 4:9-12

Мерила за бракот

Кои се Јеховините мерила во врска со сексуалните односи и бракот?

Из 6:32; Мт 5:27, 28; 1Ко 6:9, 10; Ев 13:4

Како христијаните треба да гледаат на полигамијата?

Мт 19:8, 9; 1Ко 7:2; 1Ти 3:2, 12

Од каде знаеме дека бракот треба да биде заедница помеѓу еден маж и една жена?

1Мо 2:18, 22, 24; Мт 19:4-6; Ри 1:23-27

Зошто еден брачен пар треба да остане заедно?

Мр 10:6-9; Ри 7:2, 3; 1Ко 7:10, 11

Која е единствената библиска основа за развод?

Мт 5:32; 19:9

Како гледа Јехова на разводот за кој нема оправдана причина?

Мл 2:13-16

Кога еден од сопружниците ќе почине, дали другиот е слободен повторно да стапи во брак?

Ри 7:2, 3; 1Ко 7:39

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели