ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w91 15/11 стр. 32
  • „Зошто умираат бебињата?“

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • „Зошто умираат бебињата?“
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1991
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1991
w91 15/11 стр. 32

„Зошто умираат бебињата?“

Тоа сакало да го знае едно семејство кое изгубило две мали деца. Еден човек од Виловик, Охајо, САД, објаснил:

„Неодамна во моето семејство се случи трагедија. Сестра ми изгуби две малечки деца во страшна сообраќајна несреќа. Се разбира, целото семејство беше потресено. Нивниот баптистички свештеник не им понуди никаква библиска утеха. Тој само рече дека ‚Тоа било Божја волја‘, и дека ‚На Бог му требале уште две ангелчиња‘.

Иако имаше многу малку време за истражување, јас ја отворив книгата Расудување на темел на Писмото кај точката ‚Зошто умираат бебињата?‘ Во наредните денови и недели, мојата сопруга и јас можевме да ги споделиме со моето семејство вистинитите одговори на многу нивни прашања, како на пример ‚Зошто умираат бебињата?‘, ‚Дали е Божја волја да ги земе децата од нивните родители?‘ и најважното, ‚Каква надеж постои да ги видиме повторно овие сакани деца?‘ Моите родители рекоа дека би сакале во иднина да дојдат во Царската сала.“

Книгата Расудување на темел на Писмото содржи преку 70 главни наслови. Меѓу нив спаѓаат „Смрт“, „Пекол“, „Душа“, „Вознесување“, „Реинкарнација“, „Секс“, „Спиритизам“ и многу други. Нејзиниот индекс на седум страници може да ви помогне брзо да го пронајдете одговорот. Ако сакате да добиете примерок, молиме пополнете и испратете го долниот купон.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели