Прашања од читателите
◼ Зошто Исаија 11:6 во преводот New World Translation of the Holy Scriptures (Нов свет превод на Светото писмо) вели дека ”волкот навистина ќе живее некое време со машкото јагне“? Дали таквиот мир нема да биде траен?
Освежителниот мир во животинскиот свет кој е проречен во Исаија 11:6-9 ќе биде траен. Но внимателното преведување на Исаија 11:6 јасно покажува дека таквите животни нема постојано да бидат заедно.
Во New World Translation of the Holy Scriptures, Исаија 11:6 гласи: ”Волкот навистина ќе престојува некое време кај јагнецот, и леопардот ќе лежи покрај јарето, и телето и машкото лавче и добро нахранетото животно, сите заедно; и мало детенце ќе биде нивни водач.“
Во повеќето библиски преводи ќе прочитаме вака: ’Волкот ќе живее [или: ”ќе престојува“, ДК] со јагне.‘ Таквото преведување би можело да создаде претстава дека волкот и јагнето ќе бидат постојани придружници, како да се работи за нова фамилија или облик на живеење.
Меѓутоа, хебрејскиот збор што е преведен со ”престојува“ или ”живее“, е гур. Според лексикографот Вилијам Гезениус, тоа значи ”да престојува, да живее некое време, да живее не како да е дома, т.е. како странец, туѓинец, гост“. (A Hebrew and English Lexicon of the Old Testament, преведен од Едвард Робинзон). Лексиконот од Ф. Браун, С. Драјвер и К. Бригз, го дава значењето ”да престојува, да живее за некое (определено или неопределено) време, да живее како новодојденец (...) без вистински права.“
Бог употребил гур кога му рекол на Авраам да ”престојува како туѓинец“ во Ханан. Патријархот немало да ја поседува земјата, туку би бил заштитен жител таму. (1. Мојсеева 26:3, NW; 2. Мојсеева 6:2-4; Евреите 11:9, 13). На сличен начин, Јаков рекол дека ’престојувал како туѓинец‘ во областа на Харан, зашто требало да се врати во Ханан (1. Мојсеева 29:4; 32:4, NW).
Во рајот којшто Бог наскоро ќе го воспостави, животните и луѓето ќе бидат во мир. За јагнето нема да постои опасност да биде со волкот или за телето со леопардот. За да го покаже контрастот со сегашното време, јазикот дури ја допушта идејата дека волкот ќе биде жител заштитен од јагнето (Исаија 35:9; 65:25).a
Сепак, таквите животни би можеле сѐ уште да имаат навики кои ги разликуваат. Некои животни се прикладни за в шума, други за прериите, трети пак за крајбрежните предели или за планините. Дури и во време на првобитниот рај, Бог говорел за ’домашни и диви животни‘ (1. Мојсеева 1:24, NW). Домашни животни очигледно биле оние кои обично биле близу до луѓето и нивните живеалишта. Дивите животни, но не како сурови, очигледно повеќе сакале да живеат далеку од човештвото. Така, како што претскажува пророштвото на Исаија, волкот ќе ”престојува некое време кај јагнецот“, но нема да биде постојано во близината на домашните животни.
[Фуснота]
a Во Исаија 11:6, The Bible in Living English го кажува следново: ”И волкот ќе биде станар на овцата.“
[Извор на слика на страница 31]
Zoological Research Center, Tel-Aviv Hebrew University