ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w92 1/2 стр. 32
  • „Сила која е над обичната“

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • „Сила која е над обичната“
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1992
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1992
w92 1/2 стр. 32

„Сила која е над обичната“

КОЛКУ многу страдања може да издржи еден христијанин? Денес христијаните ширум светот се соочуваат со сиромаштија, распад на семејствата, емоционални трауми, болести, војни и прогонства. Дали е разумно да се очекува од нив да ја зачуваат својата беспрекорност и покрај сето тоа? Апостолот Павле рекол дека можат. Тој напишал: „За сѐ имам сила преку оној кој ми дава моќ“ (Филипјаните 4:13, NW).

Историјата покажала дека силата од Јехова навистина е достатна за сѐ. На пример, за време на нацистичкиот режим во Германија, Јеховините сведоци претрпеле жестоки прогонства. Дали издржале? Книгата Les Bibelforscher et le nazisme (Истражувачите на Библијата и нацизмот) вели: „И покарај сите тепања, закани и забрани, и покрај јавните понижувања, затворања и интернирање во концентрациони логори, Истражувачите на Библијата [Јеховините сведоци] никогаш не допуштија да бидат ‚превоспитани‘“.

Во концентрационите логори Сведоците можеле да бидат распознаени по малите пурпурни триаголници на нивните ракави и биле издвојувани за посебна бруталност. Дали тоа ги скршило? Психологот Бруно Бетелхајм забележал дека тие „не само што покажаа невообичаено ниво на човечко достоинство и морално однесување, туку изгледаа заштитени од истото искуство во логорот кое набрзо ги уништи лицата коишто моите пријатели психоаналитичари и јас самиот ги сметавме мошне беспрекорни“.

Да, тие имале ‚сила за сѐ‘. Зошто? Затоа што имале доверба во Јехова. Павле вели: „Ова богатство го имаме во земјени садови, за да силата која е над обичната биде од Бог, а не од нас“ (2. Коринтјаните 4:7, NW). Ако треба да се соочиш со искушувачки ситуации, со доверба барај помош од Јехова. Зајакнати од силата што ја дава тој, која е над обичната, ќе бидеш во можност да издржиш (Лука 11:13).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели