ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w92 15/2 стр. 32
  • Повеќе од занимливи столбови

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Повеќе од занимливи столбови
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1992
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1992
w92 15/2 стр. 32

Повеќе од занимливи столбови

Посетителите се љубопитни и заинтересирани во врска со столбовите во средоземното античко пристаниште Цезареја на израелскиот брег. Ова пристаниште го изградил Ирод Велики, а на градот му дал име во чест на Цезар Август.

Археолозите откриле голем дел од градот, како и неговиот голем амфитеатар. Исто така истражувале и под вода за да добијат увид во тоа како бил граден пристанишниот комплекс долж песочниот брег.

The New York Times (од 8. 1. 1991) известува за тоа оти биле откриени столбови во остатоците од една палата која порано стрчела во морето. Тие се значајни по записите на нив кои наведуваат некои римски гувернери кои порано не биле познати. Се споменува и „управителот“ на бродовите, и тоа е „првиот досега пронајден запис што се однесува на пристаништето“.

Проучувачите на Библијата знаат дека апостолот Павле впловувал во ова пристаниште на завршетокот од две мисионерски патувања. Овде останал со евангелизаторот Филип, а неговите искуства сигурно многу ги охрабриле учениците (Дела на св. апостоли 18:21, 22; 21:7, 8, 16). Многу од тие возбудливи искуства можеме да прочитаме во библиската книга Дела на апостолите.

Така овие столбови долж брегот не се само неми историски остатоци. Тие ги потсетуваат христијаните на нивните први браќа кои вредно ја ширеле добрата вест во пристаништата и дури ‚до најоддалечениот дел на земјата‘ (Дела на апостолите 1:8, NW).

[Извор на слика на страница 32]

Гаро Налбандијан

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели