,Спознавање на Бог и Исус‘
„ОВА значи вечен живот, да те споз- наваат тебе, единствениот вис- тински Бог, и оној кој си го испратил, Исус Христос“ (Јован 17:3, NW). Така рекол Исус во молитва до својот небесен Татко, и на тој начин покажал еден битен предуслов за стекнување на вечен живот. Но зошто преводот New World Translation го преведува овој стих ‚спознавање на (...) Бог‘ наместо „познаваат (...) Бог“, како што го изразуваат многу други преводи на Библијата? (Види и фуснота на Јован 17:3, NW.)
Грчкиот збор овде преведен со ‚спознава‘ или „познава“ е облик на глаголот гино́ско. А преводот во New World Translation е обликуван за што попотполно да се истакне значењето на тој збор. Основното значење на гино́ско е да „познава“, но грчкиот збор има разновидни нијанси на значење. Види ги следниве дефиниции:
„ГИНОСКО (γινωσκω) означува спознава, да се запознава, препознава, разбира или потполно разбира“ (Expository Dictionary of New Testament Words, В. Е. Вајн). Според тоа, преведувањето на гино́ско со ‚спознава‘ не претставува ‚менување на Библијата‘, како што тврдат критичарите на преводот New World Translation. Во разговор околу разновидните нијанси на значење којшто зборот може да ги опфаќа, познатиот лексикограф Џејмс Хоуп Молтон наведува: „Обликот во сегашно време, γινωσκειν, е траен, ‚спознава‘“ (A Grammar of New Testament Greek).
A Grammatical Analysis of the Greek New Testament го објаснува гино́ско како што се појавува во Јован 17:3 дека „подразбира траен процес“. Понатамошно објаснување на овој грчки збор се појавува во Word Studies in The New Testament, од Марвин Р. Винсент. Тоа дело наведува: „Вечниот живот се состои во познание, или повеќе во потрага по познание, затоа што сегашното време означува траење, прогресивно восприемање“. [Подвлечено од него.] Word Pictures in the New Testament од А. Т. Робертсон предложува преведување на зборот со „треба да продолжува да спознава“.
Според тоа, на оригинален грчки јазик, Исусовите зборови во Јован 17:3 подразбираат постојан напор да се запознае вистинскиот Бог и неговиот Син, Исус Христос, а тоа е добро истакнато при преведувањето од страна на New World Translation. Тоа спознание го стекнуваме со марливо проучување на Божјата Реч и со послушно прилагодување на нашиот живот на нејзините мерила. (Спореди Осија 4:1, 2; 8:2; 2. Тимотеј 3:16, 17.) Какви прекрасни награди ги очекуваат оние кои се запознаваат со Божјата личност и со онаа на неговиот Син, а потоа се стремат да ги имитираат? Вечен живот!