ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w92 15/4 стр. 32
  • Гаваонците — народ кој барал мир

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Гаваонците — народ кој барал мир
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1992
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1992
w92 15/4 стр. 32

Гаваонците — народ кој барал мир

ГРАДОТ на врвот од ридот, кој е прикажан погоре, се наоѓал на местото кадешто бил Гаваон, на околу 10 километри северно од Ерусалим.

Веројатно знаеш дека Гаваон станал значаен наскоро откако Исус Навин го довел Израел во Ветената земја и го поразил Ерихон. Канаанците од Гаваон увиделе дека не ќе можат да му пружат отпор на Израел кој очигледно имал божествена поддршка. Што можеле да сторат? Прибегнувајќи кон воено лукавство, Гаваонците испратиле претставници кои се преправале како патници од далечна земја. Овој напор кон мир успеал, зашто Израел со нив склучил сојуз. Кога нивната итрина била откриена, Гаваонците станале собирачи на дрва и носачи на вода.

Бог сигурно не бил незадоволен од овие луѓе кои барале мир. Тој го поддржал Исус Навин во одбраната на Гаваонците кога овие биле нападнати од пет цареви. Јехова дури извршил и чудо, кога направил дневната светлост да се задржи за таа битка (Исус Навин 9:3-27; 10:1-14).

Ископувачите на овој брег пронашле длабока јама или вдлабнатина, ископана во цврста карпа. Гаваонците можеле да слезат во неа и да добијат вода од подземната просторија. Дали ова би можела да биде ‚Гибеонската бара‘ спомената во 2. Самуелова 2:13 (NW)? Археолозите исто така откриле подруми ископани во карпа и многу прибори за правење вино. Да, изгледа дека Гаваон бил центар за правење вино.

Во времето на Давид, овде бил поставен шаторот за обожавање. Цар Соломон доаѓал тука да принесува жртви. Јехова му се јавил на Соломон насоне и му ветил „мудро и разумно срце“, како и богатство (3. Царства 3:4-14; 2. Летописи 1:3). Статијата на стр. 12-17 во ова издание покажува дека подоцна потомците на народот кој живеел на Гаваон биле посебно привилегирани меѓу Божјиот народ. Знаеш ли зошто?

[Извор на слика на страница 32]

Pictorial Archive (Near Eastern History) Est.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели