ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w92 15/5 стр. 32
  • Пожар кој забрза една изградба

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Пожар кој забрза една изградба
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1992
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1992
w92 15/5 стр. 32

Пожар кој забрза една изградба

„ПОЖАР! Пожар! Гори Конгресната сала на Јеховините сведоци!“ Овој потресен извик одекна едно петочно попладне во октомври 1988 во Херенвен, град во северното подрачје на Холандија.

Јеховините сведоци 11 години ја користеа оваа убава Конгресна сала. Скоро секој викенд, стотици се собираа таму или за својот дводневен покраински состанок, или за еднодневниот посебен конгресен ден. Тоа беше удобно место за библиска поука.

Несреќата се случи додека се одвиваа работите на покривот од салата. Практично за неколку минути оваа несреќа ја претвори салата во урнатини што тлеат. Но за среќа, никој не беше повреден.

Жалосни заради штетата, но не обесхрабрени, Сведоците направија планови за нова сала на друга локација. Пронајдоа поволно место во Свифтербант, во покраината Флеволанд. Тоа е огромен полдер во поранешното езеро во внатрешноста, Зуидер Зее, 5 метри под морското ниво.

Во јануари 1991 беше даден сигнал за почнување на нова Конгресна сала. Таа требаше да се гради помеѓу мај и септември 1991. Стотици Сведоци се јавија на местото да работат како доброволци, а некои младинци проектот го сметаа за отскочна даска кон полновремената служба за Јехова. Десетици работници дојдоа од Белгија и од Англија.

Така беше подигната прекрасно конструирана зграда. Салата и кафетеријата се одвоени со застаклен ходник. Главната сала има 1.008 места за седење, а уште 230 можат да ја следат програмата на ТВ монитори во соседната сала.

Денес илјадници велат: „Дојдете, да се искачиме на гората Господова [Јеховина, NW] . . . Он ќе нѐ научи на Своите патишта“ (Исаија 2:2, 3). Оваа нова Конгресна сала е само една од многуте места кадешто се пружа таква духовна поука. Едно од нив е месната Царска сала на Јеховините сведоци. Таму си срдечно добредојден.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели