Архиепископот не може да излезе на крај!
МИНАТАТА година беше организиран црковен совет (свечен концил на кардинали) за да дискутира извесни работи кои се од голем интерес за Католичката црква. Една од нив, според весникот Il Sabato, е „агресивноста на сектите“. Меѓутоа, весникот вели: „За кардиналите не би требало да претставува проблем да постигнат спогодба по таа точка. Сите се согласни дека постои потреба од потемелна студија на феноменот на новите религиозни движења, како и потребата, колку што е можно, да се спречи нивната експанзија“.
Сепак, „агресивноста на сектите“ очигледно не е проблем само во Италија. Il Sabato известува: „За време на посетата на Ватикан, архиепископот Кирил од Смоленск [еден од најстарите руски градови] . . . го замолил папата за екуменска помош за да излезе на крај со силниот пораст на Јеховини сведоци и слични групи во Советскиот Сојуз“.
Во првиот век, водачите на постоечката религија имале слични поплаки кога христијанството агресивно било ширено од неговите следбеници. Во една прилика, огорчените Евреи се жалеле кај градските водачи: „Овие луѓе кои ја превртеа населената земја, се присутни и овде“! (Дела апостолски 17:6, NW). Во тоа време религиозните водачи силно се обидувале да го сопрат ширењето на христијанството, но не успеале. И денес, секој обид да се запре ширењето на вистинската христијанска наука, е осуден на неуспех. Самиот Бог ветува: „Ниедно оружје, направено против тебе, нема да има успех; и секој јазик, кој би се подигнал против тебе на суд, — ти ќе го обвиниш. Тоа е наследство на слугите [Јеховини], нивно оправдание од Мене, вели Господ [Јехова, NW] (Исаија 54:17).