‚Верен сведок на небото‘
ДОЛГО пред првиот човек да оди по Земјата, Месечината светло сјаела на ноќното небо. Некогаш многумина ја обожавале како божица. Грчкиот автор Плутарх тврдел дека таа е последното одредиште на чистите души после смртта. Во балтичката митологија Месечината била маж, сопруг на Сонцето. Тие имале брачна караница и Месечината побегнала од својата сопруга, па оттогаш ретко се појавувала заедно со него на небесата!
Денес вљубените млади — и не само младите — љубовници гледаат во Месечината и размислуваат за романтични работи. Во 1960-тите години научниците потрошиле огромни суми пари за да го испратат човекот на Месечината и да донесат неколку килограми камења за испитување. Но, во врска со Месечината една работа е сигурна. Секој ден, точно по временскиот план, таа изгрева и заоѓа. Таа е толку верна во нејзините поставени циклуси што точно можеме да ги пресметаме нејзините фази и еклипси со илјадници години наназад.
Кога Израелците гледале во Месечината, тие се потсетувале на нешто прекрасно. Бог ветил дека царската династија на цар Давид нема да помине. Тој рекол: „[Давидовото семе] засекогаш ќе стои како месечината; и верен сведок е на небото“ (Псалми 89:35-37). Ова ветување се исполнило во Исус, „Синот Давидов“ (Лука 18:38). По својата смрт, Исус бил воскреснат како бесмртен дух и вознесен на небото (Дела на св. апостоли 2:34-36). Со текот на времето тој бил поставен за Цар на Божјето небесно Царство (Откровение 12:10). Тоа Царство сега владее и „ќе остане вечно“ (Даниил 2:44). На тој начин, Исус, бесмртниот застапник на Давидовата царска династија, ќе трае сѐ додека постои Месечината, ‚верниот сведок на небото‘.
Затоа, секојпат кога ќе ја видиш Месечината како светло сјае на ноќното небо, сети се на Божјето ветување на Давид и биди благодарен што Божјето Царство сега владее и ќе владее засекогаш, на слава на Бог и на вечен благослов на верното човештво (Откровение 11:15).
[Извор на слика на страница 32]
Frank Zullo