Колку би дал ти за него?
ДАЛИ ЗНАЕШ за нешто толку вредно за кое со задоволство би жтрвувал сѐ што имаш за да го добиеш? Исус сторил такво нешто, и за тоа им зборувал на своите ученици.
Рекол: „Царството небесно прилега и на трговец, кој бара убави бисери; па, штом најде едно зрно скапоцен бисер, оди и продава сѐ што има и го купува“ (Матеј 13:45, 46).
Трговецот бил спремен да даде сѐ за да го добие „бисерот“ — Божјето Царство. Зошто? Затоа што не постои ништо на овој свет што би можело да се спореди со него. Божјето Царство ќе ги реши проблемите кои човекот не е во состојба да ги реши, како што се војната, гладот, криминалот и угнетувањето (Псалми 71:4-8, 13, 14). Под Царството, дури и гревот, болеста и смртта повеќе нема да постојат (Откровение 21:4, 5). Не изненадува што втората молба од Господовата молитва („Оче наш“) е — „да дојде царството Твое“! (Матеј 6:9, 10).
Што би дал ти за да учествуваш во благословите на Царството? Всушност, благословите се бесплатни. Но за да ги уживаш, потребно е да дознаеш што е Царството, да веруваш дека е тоа реалност и да го ставиш на прво место во твојот живот. Можеш ли да го направиш тоа? Во Библијата постојат информации кои ќе ти помогнат. Зошто не им дозволиш на Јеховините сведоци да ти помогнат да научиш за Божјето Царство и да откриеш колку тоа може да ти користи дури и денес.