Избегнувај горделив дух!
Една мудра библиска изрека вели: „Кој високо ја издига вратата своја, бара да падне“ (Соломонови изреки 17:19). Што е лошо во тоа да се има високо издигната врата? И која е главната смисла на оваа изрека?
ВО ДРЕВНИТЕ времиња не биле ретки поединците, односно бандите кои пљачкосувале јавајќи на коњи. Незаштитените домови на отворено поле биле погодни за крадците. За да ги спречат кражбите на своите имоти, некои сопственици правеле ѕид со посебна порта. Ѕидот бил висок, но влезната врата била ниска. Всушност, некои и не биле повисоки од еден метар — толку ниски што јавачот не можел да влезе сосе коњот. Оние кои не би ја направиле влезната врата на своите дворови ниска, ризикувале да им влезат коњаници и да им ги пљачкосаат имотите.
Во градовите, надворешните порти воглавно биле ниски и непривлечни, што давале до знаење дека зад оградениот простор нема некакво богатство. Меѓутоа, во Персија високите порти биле обележја за царски имот, и некои поданици се обидувале да ги имитираат со што си навлекувале голем ризик. Секој кој би направил висока порта за својата куќа всушност ги викал крадците, бидејќи со тоа покажувал дека е во благосостојба.
Изреките 17:19 на овој начин покажуваат дека оние кои ги прават своите порти високи си навлекуваат погибел со тоа што се сметаат себе си за повеќе од она што се. Оваа изрека може исто така да укажува на устата како влез кој високо се воздигнува преку надуен и арогантен говор. Таквиот говор поттикнува расправии и на крајот може да го доведе горделивецот до пропаст. Затоа, колку е мудро да се избегнува горделивиот дух!
[Извор на слика на страница 30]
Picturesque Palestine, Sinai and Egypt, том I од Конлоел Вилсон (1881)