ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w93 1/7 стр. 32
  • Убавина која не избледнува

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Убавина која не избледнува
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1993
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1993
w93 1/7 стр. 32

Убавина која не избледнува

„УБАВИНАТА исчезнува; убавината поминува“ — забележал поетот Волтер Деламер. Тоа сигурно се однесува и на раскошните кактусови цветови прикажани овде чија, слава бргу избледнува.

Христијанскиот ученик Јаков напишал: „Бидејќи [богатиот] ќе помине како цвет од трева; оти сонцето огрева и со својата горештина ја исушува тревата, и цветот нејзин отпаѓа, и убавината на нејзиниот изглед исчезнува; така ќе овене и богатиот во својот пат“ (Јаков 1:10, 11).

Во овој несигурен свет, богатството може навистина да исчезне преку ноќ. Понатаму, богатиот човек — како и секој друг — е „кратковечен, . . . како цвеќе“ (Јов 14:1, 2). Исус раскажал парабола за еден човек кој бил зафатен со правење на залихи за да може после да седи и да одмора. Но, тогаш кога помислил дека има сѐ што му е потребно за еден лесен живот, умрел. Исус предупредил: „Така бива со оној што собира добра за себе, а не се богати во Бога“ (Лука 12:16-21).

„Се богати во Бога.“ Што мислел Исус со ова? Човек богат на ваков начин има „богатства на небото“ — добро име пред Бог. Такво богатство никогаш не исчезнува (Матеј 6:20; Евреите 6:10). Наместо да биде како цвет кој венее, ваквиот човек во Библијата е спореден со дрво чии лисја не венеат. И уверени сме дека „во сѐ што прави, напредува“ (Псалми 1:1-3, 6).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели