Дали го проголтала таа Јона?
БИБЛИЈАТА ни раскажува за Јона, Јеховин пророк во деветиот век пр.н. е. кој, бегајќи од една задача се качил на брод. За време на патувањето по бура на Медитеранот, посадата го фрлила во морето. „И му заповеда Господ на еден голем кит да го проголта Јона; и Јона остана во утробата на тој кит три дена и три ноќи“ (Јона 1:3-17).
Некои велат: ‚Невозможно! Ниту едно морско суштество не може да проголта човек‘. Но можат сперм-китот, како и големата бела ајкула. National Geographic (декември 1992) објави друга веројатност — китот ајкула. Тоа е најголемата позната ајкула која може да нарасне до 20 метри во должина и да тежи 70 тони.
„Необичната анатомија на храноварниот тракт на китот ајкула нѐ води до приказните за Јона. Лесно би можеле да се замислиме како не сакајќи сме вшмукани во огромната челуст на китот ајкула . . . Огромната челуст на дури и една мала возрасна кит-ајкула лесно би можела да смести двајца Јоневци.“
Китот ајкула се храни со ситен планктон и крил кои „го плакнат хранопроводот до огромната и еластична банкетна сала, всушност горниот желудник“. Сепак, како може некој да излезе оттаму? National Geographic вели: „Ајкулите имаат еден ненасилен начин на ослободување од големи предмети со сомнителна сварливост што ги проголтале . . . Ајкулата е во состојба бавно да го испразнува својот горен желудник така што го превртува наопаку и го турка предметот кон устата. . . . Така, можете да излезете лизгајќи се по слузест тепих, полигави, а веројатно и помудри од вакво искуство“.
Денес китовите-ајкули не се пронајдени во Медитеранот, иако најсеверната точка каде што се пронајдени е Њујорк. Дали ги имало во Медитеранот во времето на Јона? Кој знае. Библијата не прецизира кој вид на морско суштество го употребил Јехова, но извештајот за Јона го потврдил како вистинит самиот Исус (Матеј 12:39, 40).
[Извор на слика на страница 32]
Norbert Wu/Peter Arnold Inc.