Вода на животот
„И кој е жеден, нека дојде, и кој сака, нека земе од водата на животот дарум“ (Откровение 22:17). „Водата на животот“ — тоа се сите Божји подготовки за наше спасение, темелени на откупната жртва на Исус Христос. Овие подготовки се достапни и бесплатни. Каква прекрасна великодушност од страна на нашиот Бог! Но, зошто се симболизирани со вода?
Дословната вода овозможува да расте вегетацијата од почвата и го овозможува животот на луѓето. Без вода животот на растенијата, а со тоа и животот на луѓето, не би постоел. Освен тоа, 65 проценти од твоето тело се вода. Некои специјалисти за здравјето дури препорачуваат да се задржи ова ниво со земање на 2.5 литри вода дневно. За сите твои внатрешни животни процеси — од варењето на храната до отстранувањето на отпадоците — е потребна вода. Обиди се да бидеш една недела без вода, и — ќе умреш.
На сличен начин, „водата на животот“ го овозможува и храни духовниот живот. Ако ја отфрлиме водата на животот, за нас повеќе нема трајна иднина (Јован 3:36). Ако ја прифатиме, можеме да добиеме вечен живот. Не е за изненадување што Самарјанката горливо одговорила кога Исус ѝ рекол: „Кој пие од водата, што ќе му ја дадам Јас, нема никогаш да ожедни; таа во него ќе стане извор на вода, што ќе тече во живот вечен“! (Јован 4:14). Да посегнеме и ние со иста таква горливост и да земеме дарум од водата на животот.
[Извор на слика на страница 32]
Garo Nalbandian