Божјето име
„Ако Јехова не ја изѕида куќата, градителите залудно работат.“ Така гласи овој латински натпис. Зборовите се базираат на Псалм 126:1 од Библијата, а содржат една темелна вистина — секаков труд кој не е благословен од Јехова на крајот ќе биде залуден.
Натписот датира од 1780 година. Се наоѓа на една зграда во Коломбо (Шри Ланка) и значаен е поради тоа што го содржи Божјето име, Јехова. (Види ја фотографијата.) Во изминативе векови, името било во широка употреба. Често пати го испишувале на световни згради, цркви, па дури и на пари. Мисионерите го употребувале Божјето име кога Библијата ја носеле во далечните земји, на што, без сомнение, се должи и овој натпис во Шри Ланка.
Колку е поинаква ситуацијата денес! Малкумина од оние кои исповедаат христијанство се интересираат за Божјето име. Некои научници дури и ги критизираат Јеховините сведоци затоа што тие го истакнуваат името. Зошто? Според некои, затоа што не е точно познат изговорот на името на хебрејски. Но, колкумина знаат како гласело Исусовото име во оригинал на хебрејски? Па, сепак, неговото име општо е прифатено и почитувано.
Божјето име за Исус било од животно значење. Тој нѐ учел да се молиме: „Да се свети името Твое“ (Матеј 6:9). А, непосредно пред својата смрт му рекол на Бог: „Го јавив името Твое на луѓето, што си Ми ги дал од светот“ (Јован 17:6). Вистинските христијани го следат Исусовиот пример. Зарем нема и ‚да го јавуваат Божјето име‘? Јеховините сведоци го прават тоа и Јехова богато ја благословува нивната „куќа“. На нив се однесува псалмот: „Блажен е оној народ, на кого Господ [Јехова, НС] му е Бог!“ (Псалм 143:15).