Можеш ли да имаш корист од нив?
СПИСАНИЕТО кое го држиш во рацете е наменето да биде извор на охрабрување, потсетувајќи нѐ на библиските упатства за зацврстување на семејствата и задржување на личната беспрекорност. Покажува дека денешните разбранувани времиња се проречени во Библијата и го истакнува решението — владата на Божјето Царство. Можеш ли да извлечеш корист од Стражарска кула и од Разбудете се!, неговиот придружник?
Една жена по име Вилма, ни пишува од Филипините: „Ако постои некој збор со кој треба да се опишат вашите публикации, мислам дека е тоа ‚прекрасно‘. Ги видов и прочитав за прв пат вашите Разбудете се! и Стражарска кула кога со автобус се враќав дома од Манила. Обично носам весник со себе кога патувам, но овој пат не си понесов.
Крај мене, додека патувавме, седеше еден средовечен човек кој ги имаше вашите публикации. Откако го прочита Разбудете се!, извади еден друг часопис, Стражарска кула. Тогаш ја искористив можноста да го позајмам Разбудете се!. Да бидам искрена, навистина уживав додека ги читав тие списанија бидејќи сите статии беа занимливи, современи и изградувачки“.
Жената заклучила: „Сакам да ги добивам вашите списанија. Ве молам, кажете ми како можам да ги добијам“. Подружницата на Јеховините сведоци на Филипините радосно се обврза да ја претплати оваа жена на списанијата по пошта.