ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w94 15/3 стр. 32
  • Ноќ за сеќавање

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Ноќ за сеќавање
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1994
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1994
w94 15/3 стр. 32

Ноќ за сеќавање

НА ЕДЕН значаен ден пред околу 3.500 години, Јехова Бог им заповедал на поробените Израелци во Египет да заколат јагне и со неговата крв да ги попрскаат страничните и горните греди на вратите од нивните домови. Истата таа ноќ, Божјиот ангел ги поминал вака обележаните домови, а ги убил првородените синови во домовите на сите Египќани. После тоа Израелците биле ослободени. Оттогаш, на годишнината на овој настан, Евреите ја славеле Пасхата.

Веднаш по завршувањето на прославата на неговата последна Пасха со своите ученици, Исус Христос вовел вечера со која требало да се слави споменот на неговата жртвена смрт. На своите верни апостоли им подал леб и рекол: „Земете, јадете, ова е Моето тело“. Потоа им подал чаша вино, велејќи: „Пијте од неа сите; зашто ова е Мојата крв на Новиот завет, која се пролива за мнозина, за опростување на гревовите“. Исто така, Исус рекол: „Правете го ова за Мој спомен!“ (Матеј 26:26-28; Лука 22:19, 20). Така, Исус им заповедал на своите следбеници да ја држат прославата на неговата смрт.

Јеховините сведоци срдечно те покануваат да им се придружиш во прославата на оваа Спомен-свеченост на Исусовата смрт. Можеш да присуствуваш во Салата на Царството што е најблизу до твојот дом. За точното време и место информирај се кај Сведоците во твојот крај. Датумот на прославата за 1994 е сабота, 26. март, а лебот и виното ќе се служат после зајдисонце.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели