Дали ја цениш Библијата?
МЕРИ ЏОНС се родила пред нешто повеќе од 200 години во Ленфианшел, зафрлено велшко село недалеку од брегот на Атлантикот. Нејзините родители биле сиромашни ткајачи — толку сиромашни, што немале своја Библија. Но, во ќерка си всадиле љубов кон Бог така што ѝ раскажувале библиски приказни и ѝ ги повторувале стиховите што ги знаеле напамет. Мери често си ја читала соседовата Библија на велшки јазик и почнала да штеди и од оние малку пари што можела да ги има за да си купи личен примерок.
Во 1800, кога имала 16 години, Мери слушнала дека неколку велшки Библии се продаваат на 40 километри од нив, во малото гратче Бала. Храбрата Мери цврсто решила да отиде таму пеш босонога преку ридовите. Но, додека стигнала, ги продале сите примероци. Дознала и дека нејзините заштедени пари ни оддалеку не ѝ достигаат.
Месниот свештеник бил длабоко трогнат од нејзиното библиско спознание и љубов кон Библијата. Кога видел како плаче од разочараност бидејќи вложила толкави напори, љубезно ѝ го дал својот личен примерок, велејќи ѝ: „Читај ја со внимателност и марливо истражувај ја, светите зборови нека бидат сочувани во твоето сеќавање и постапувај според нејзините науки“.
Приказната подоцна била раскажана на состанокот на Одборот на Religious Tract Society of London (Религиозното трактатно друштво од Лондон) и на него донеле одлука да се обезбедат преводи на Библијата не само за велшкиот народ туку и за целиот свет. Од ваквиот едноставен почеток никнале првите од многуте библиски друштва во 19. век. После тоа, сѐ почесто и почесто се појавувале примероци на Библијата и на странски јазици.
Денес, Watch Tower Bible and Tract Society (Библиското и трактатно друштво Стражарска кула) инкорпорирано во 1884 година, печати Библии и помошни средства за истражување на Библијата на преку 200 јазици. Ова Друштво дистрибуирало ширум светот 72 милиони примероци на современиот New World Translation of the Holy Scriptures (Нов свет превод на Светото писмо). Преведен од оригинален хебрејски и грчки јазик, преводот „Нов свет“ денес е достапен во целост или во делови на 18 јазици, а моментално се преведува на уште 12 јазици.
Кое е твоето мислење за Библијата кога таа денес секому е достапна? Дали ја вреднуваш? Имаш ли свој личен примерок што го цениш и читаш?
[Извор на слика на страница 3]
Од книгата The Story of Mary Jones and Her Bible (Приказната за Мери Џонс и нејзината Библија)