ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w94 15/5 стр. 32
  • „Јеховините сведоци ме заштитија!“

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • „Јеховините сведоци ме заштитија!“
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1994
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1994
w94 15/5 стр. 32

„Јеховините сведоци ме заштитија!“

ВО ВРЕМЕ на овие последни денови многу луѓе покажале дека се „нескротливи, недоброљупци“ (2. Тимотеј 3:1, 3). Исак, волонтер во подружницата на Watch Tower Society во Западна Африка, се уверил во тоа. Тој раскажува:

„Во јануари 1992, патував по ненаселениот дел од еден пат со јавно такси заедно со уште петмина други патници. Започнав разговор со жената што седеше покрај мене која со задоволство зеде брошура темелена на Библијата.

Одеднаш, околу четири часот попладне, пред нас се испречи еден нов автомобил без регистарски таблички, а поради наглото прикочување нашиот автомобил силно зачкрипе. Тројца силни мажи со пушки скокнаа од автомобилот и насилно ги отворија вратите од нашиот автомобил. ‚Излегувајте — сите!‘, викна едниот од нив.

Еден ми ја зграби торбата со литература. Кога виде дека внатре има само библиска литература, ми ја фрли. ‚Што имаш уште?‘ — праша, вперувајќи ја пушката во мене. Бргу му ги дадов парите од новчаникот. ‚Тоа ли е сѐ?‘ — праша. Му реков дека јас сум Јеховин сведок и дека Сведоците не лажат. Ми го истргна новчаникот, ја виде мојата легитимација Стражарска кула и рече: ‚Во ред, Стражарска Кула. Чекај тука‘.

После тоа ѝ се обрати на жената со која разговарав во таксито. Таа бргу го симна од себе ѓерданот и му ги даде парите од ташната. Кога разбојникот ја забележа брошурата во нејзината рака што се тресеше, си претпостави дека ние двајцата сме заедно и ѝ мавна да застане покрај мене.

Во меѓувреме, останатите вооружени бандити бесно ги нападнаа останатите сопатници. Ги претепаа и ограбија возачот и другиот човек кој патуваше со нас. Еден од разбојниците ѝ го истргна ѓерданот на другата жена. Кога таа пружи отпор, свирепо ја удираше по главата и градите со кундакот од пушката сѐ додека таа не издивна. Третата жена ја извлекоа од автомобилот и ја стрелаа во градите. За жал, и таа умре. Само јас и младата жена со мене бевме оставени читави.

Кога подоцна нѐ собра еден автомобилист, ужасената жена непрестајно повторуваше: ‚Јеховините сведоци ме заштитија!‘“

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели