Каква иднина за нашите деца?
НУКЛЕАРНАТА закана — било да е тоа од терористичките бомби или од несреќите на нуклеарните постројки — ги погодува сите. Можеби со право си загрижен, особено за младите, вклучувајќи ги твоите сопствени деца или внучиња. Колку е жално да се заклучи дека нуклеарната закана ги загрозува здравјето и иднината на секое дете.
Но, не се обесхрабрувај. Што се однесува до иднината на децата, постои причина да бидеш оптимистички настроен. Темелот за надежта се сосредоточува не на човековите напори да се заштитат нашите деца, туку на иднината која е во рацете на нашиот Творец.
Кога Божјиот Син, Исус, поучувал на Средниот Исток, тој покажал заинтересираност за децата (Марко 9:36, 37, 42; 10:13-16). Библијата покажува дека слична заинтересираност ќе се рефлектира кога Бог конечно ќе ѝ стави крај на нуклеарната закана и ќе воспостави општ рај. Нашите деца ќе се радуваат на тоа, а можеш и ти исто така.
Ако сакаш да добиеш натамошни информации или некој да те посети и да води со тебе бесплатна домашна библиска студија, те молиме пиши на најблиската адреса наведена на страница 2.