ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w94 15/9 стр. 32
  • „Корења кои не можат да се искорнат“

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • „Корења кои не можат да се искорнат“
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1994
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1994
w94 15/9 стр. 32

„Корења кои не можат да се искорнат“

ПОМЕЃУ најголемите и најстари живи суштества во светот се дрвјата секвоја во Калифорнија. Овие огромни џинови, кога се во потполна зрелост, високи се околу 90 метри, а може да живеат и повеќе од 3.000 години.

Иако изгледот на секвојата воодушевува, нејзиниот невидлив систем од корења е подеднакво импресивен. Секвојата има испреплетена мрежа од корења која може да покрива површина од 1,2 до 1,6 хектари. Овој огромен систем од корења обезбедува цврсто сидриште како заштита од поплавите и јаките ветришта. Секвојата може да издржи дури и силни земјотреси.

Во една од своите изреки царот Соломон ја избрал јаката мрежа од корења кај едно дрво како метафора. „Ниеден човек не може да се зацврсти со злоба“, рекол тој „но добрите луѓе имаат корења кои не можат да се искорнат“ (Изреки 12:3, The New English Bible). Да, злите се на несигурно тло. Секој успех кој наизглед го постигнуваат е само привремен затоа што Јехова ветува дека „надежта на нечестивите ќе загине“ (Изреки 10:28).

Ова е предупредување за оние кои тврдат дека се христијани, бидејќи Исус рекол дека некои ‚немаат корен‘ во себе и дека ќе се соблазнат (Матеј 13:21). Понатаму, апостол Павле напишал за лица кои ќе бидат ‚лулани и занесувани со секој ветар на лажните учења‘ (Ефесјаните 4:14). Како може да се спречи ова?

Токму како што корењата на секвојата експанзивно навлегуваат во хранливата почва, така и нашите мисли и срца треба експанзивно да копаат по Божјата Реч и од неа да ги извлекуваат животодајните води. Ова ќе ни помогне да развиеме цврсто вкоренета вера. Секако, ќе ги почувствуваме ефектите на бурните неволји. Можеби дури и ќе трепериме како дрво, кога ќе се појави некоја неволја. Но, ако нашата вера е добро втемелена, ќе докажеме дека имаме „корења кои не можат да се искорнат“. (Спореди Евреите 6:19.)

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели